fbpx
bg_image

Хидратантен серум за дехидрирана и иритирана кожа – 30 мл.

2.580,00 ден

ХИДРАТАЦИЈА • СМИРУВАЊЕ • СЈАЈНОСТ
БОЖУР • ЛЕНЕНО СЕМЕ • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА

Only 1 left in stock

Баркод: 4751009825564 Шифра: 001013 Категории: 3 , ,

Најдобриот природен козметички производ во Швајцарија – победник на наградите ANNABELLE Prix de Beauté 2017 во категоријата „Престижна и Популарна Козметика“.

Ја чувствувате кожата иритирана, сува или затегната?
Ви се појавуваат видливи линии и брчки?
Кожата изгледа бледо и без здрав сјај?
Површината на кожата е погруба на допир?
Ако одговорот на барем едно од овие прашања е ДА, тогаш тоа може да биде знак на дехидрираност, односно на драстично намалена хидратација на кожата. Дехидрираноста води кон предвремено стареење на кожата и зголемена сензитивност.

Серумот SOS HYDRA REPAIR INTENSIVE SERUM делува кон враќање на хидратацијата, балансот и комфортот на кожата, давајќи ѝ поздрав и пополн изглед. Хидратантната мешавина од корен од божур, ленено семе и хиалуронска киселина дава инстантни резултати и долготрајни ефекти на хидратација, смирување и здрав сјај на кожата.

ТИП НА КОЖА: сите типови на кожа, сите возрасни групи. Одличен за сува, дехидрирана и иритирана кожа, која се осеќа затената, без сјај, со видливи фини линии и/или брчки. Овој серум е особено погоден за кожа со мрсна површина, но дехидрирани внатрешни слоеви.

ДЕРМАТОЛОШКИ ТЕСТИРАНО на 35 пациенти со јасно видливи знаци на дехидрирана кожа.

ВО ФОКУС:

КОРЕН ОД БОЖУР
Екстрактот од корен од божур има висока антиоксидантна активност, благодарение на присутноста на активни биомолекули како paeoniflorin, proanthocyanidins и флавоноиди, заштитувајќи ги клетките на кожата од можни оштетувања од животната околина. Ги заштитува клетките на епидермисот од оштетувања на ДНК-та предизвикана од ултравиолетово Б (УВБ) зрачење. Осумнеделна клиничка студија со 20 волонтери, резултирала со статистички драстично намалување на брчките на лицето. Полисахаридите кои се наоѓаат во кората и коренот од божурот, имаат покажано дека можат да ги стимулираат имуните клетки.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ПРОИЗВОДОТ

  • Како може еден козметички производ да овозможи хидратација и на подлабоките слоеви на кожата, а не само на најгорниот?
  • Дали производите од SOS линијата имаат SPF фактор?
  • Зошто текстурата на SOS производите е беж? Дали се пигментирани?

Хидратацијата преку овој производ се одвива благодарение на 4 механизми:

  • Создавање на заштитен слој, кој ја регулира размената на влага (вода) помеѓу кожата и животната околина, овозможувајќи ѝ на тој начин хидратација на кожата.
  • Благодарение на нивните хигроскопски (апсорбирање на вода) својства, хидратантните состојки (како хиалуронската киселина и бетаинот) ја задржуваат водата во кожата и на тој начин ја држат заробена хидратацијата во сите нејзини слоеви на самата кожа.
  • Антиоксидантните и активни состојки во овој серум го штитат надворешниот слој на кожата од оштетувања од животната околина, како и од оксидативен стрес предизвикан од загадувањето.
  • Растителните активни состојки на овој серум го креваат нивото на водни резерви во кожата преку стимулација за создавање на природни хидратанти.

Не, SOS производите немаат фактор за заштита од сонце.

SOS производите немаат пигментирачки својства. Бојата на текстурите произлегува од природните минерални пигменти во составот.

Нанесувајте наутро и/или навечер на чиста кожа или секогаш кога ќе почувствувате дека на вашата кожа ѝ треба дополнителна доза на хидратација. Потоа нанесете крема. PRO TIP: користете во комбинација со кремата SOS HYDRA RECHARGE CREAM за најдобри резултати.

aqua, helianthus annuus seed oil*, glycerin**, rosa damascena flower water*, simmondsia chinensis seed oil*, cetearyl alcohol, cetearyl glucoside, sodium levulinate, palmitic acid, stearic acid, cellulose, hippophae rhamnoides fruit extract*, sodium pca, aroma, sodium anisate, xanthan gum, lactic acid, sodium hyaluronate, ascorbyl palmitate, linum usitatissimum seed extract*, paeonia lactiflora root extract, tocopherol, urtica dioica leaf extract*, mica (ci 77019)****, titanium dioxide (ci 77891)****, hydrolyzed hyaluronic acid, sodium phytate, ci 77491, ci 77492****, citronellol***, geraniol***, benzyl salicylate***, eugenol***.

12% состојки од органско потекло
100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife

* состојки од органско земјоделство
** создадено од органски состојки
*** од природни етерични масла
**** чисти минерални пигменти Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

Хидратантен серум за дехидрирана и иритирана кожа – 30 мл.
2.580,00 ден