Дали сте спремни за шеќерна врска?
Меки, слатки, сензуални и полни усни – за неколку минути сите овие епитети ќе бидат за вас!
Шеќерни кристали кои нежно ја ексфолираат сензитивната кожа на усните, отстранувајќи суви, кератинизирани честички. Восокот заштитува од дехидратација, а слатката, кремава мешавина од бадемов путер и ванила храни и измазнува. Маслото им дава свиленкаст ефект на усните и станува совршена база за вашиот омилен кармин.