Овој клинички докажан високо-ефективен концентрат, овозможува интензивна нега за против стареење, подобрувајќи го изгледот на уморна, зрела и кожа на која и е потребна нега. Со мулти-молекуларната хиалуронска киселина, екстрактот од фитопланктон и антиоксидантниот клеточен био-комплекс од 7 скандинавски билки, лесната микро-емулзија ја храни и измазнува кожата, минимизирајќи го изгледот на линии, брчки и виснатост, давајќи млад, ревитализиран изглед.
Базиран на вода од скандинавска бреза – тајниот допинг на природата, за подобрување на потенцијата на активните состојки за одржување на млад изглед.
ДЕРМАТОЛОШКИ ТЕСТИРАНО на 32 жени на возраст од 25 до 60 години, кои потврдуваат 91% позатегнат изглед на кожата по 4 недели употреба.
Напредни состојки. Иновативен пристап.
Формулиран со фитопланктон кој исполнува брчки и стимулира создавање колаген; мулти-молекуларна хиалуронска киселина и антиоксидантен клеточен био-комплекс. Уникатната база од вода од бреза стимулира обнова на клетките и ефикасно ги спроведува активните состојки во кожата.
ВИСОКО-ЕФЕКТИВЕН СЕРУМ ЗА КЛИНИЧКИ ДОКАЖАНИ РЕЗУЛТАТИ
Фитопланктон:
- Исполнува брчки
- Стимулира колагенска синтеза
ЛЕСНО АПСОРБИРАЧКА ТЕКСТУРА
Овозможува интензивна нега за против стареење.
ОТКРИВАЊЕ НА ДНК-ТА НА ПРИРОДАТА
ТIME MIRACLE е првиот производ за против стареење во светот, базиран на вода од скандинавска бреза, имитирајќи го нејзиното дејство на забрзување на растот, во дрвото. Водата од бреза ја забрзува регенерацијата на дермалните клетки за 25%, правејќи ја моќна база за формули за против стареење.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Каде се нанесува?
– Нанесете на вашето лице, вратот и пределот на деколтето.
За кој тип на кожа е овој производ најпогоден?
– Cellular repair серумот е погоден за сите типови на кожа.
Кога да се користи овој производ во рутината за нега на кожа?
– Cellular Repair серумот е најдобро да се нанесува два пати во текот на денот по чистење и тонирање. Проследете со вашата омилена крема за хидратација.
Како да се нанесе?
– Нанесете мала количина на лицето и нежно масирајте до впивање.
Што е био-комплексот за обнова на клетките?
– За да се постигне врвен измазнувачки ефект на кожата, MADARA создаде уникатен био-комплекс за обнова на клетките со 7 активни состојки. Вклучен во секој еден производ од оваа линија, био-комплексот за обнова на клетки, директно цели кон формирање на колаген, поддржува затегнување, ја регенерира кожата и ја заштитува од штетата која ја предизвикуваат слободните радикали.
Дали производот е 100% без вода во составот?
– За да се постигне ултимативна активност за против стареење, ја елиминиравме традиционалната базна состојка – вода – од формулата на TIME MIRACLE серумот, заменувајќи ја со сок од бреза. Сокот од бреза е револуционерна течност која што докажано ги намалува сите клучни знаци на видливо стареење. Ин витро истражувањата покажаа дека по 2 недели употреба, сокот од бреза ја убрзува регенерацијата на дермалните клетки за 25%.
На која возраст може да почнам да го користам овој производ?
– На возраст од 30+ Cellular Repair серумот дејствува со цел да превенира знаци на стареење, на возраст од 50+ серумот дејствува за да корегира штета како: линии и брчки, нееднаков тен на кожата, недостаток на еластицитет и затегнатост.