fbpx
bg_image

Бустер серум за лице со 25% витамин Ц – 30 мл.

3.230,00 ден

ТОНИРАЊЕ • ПРОТИВ ФЛЕКИ • ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
УЛТРА ВИСОКА КОНЦЕНТРАЦИЈА – 25% ВИТАМИН Ц

In stock

Баркод: 3661467002234 | 3661467000605 Шифра: 000841 Категории: 3 , ,

Ултра концентриран витамински коктел!

Како можеме да ви ги овозможиме придобивките од витаминот Ц (anti-aging ефект, отстранување на дамки на кожата и зајакнување на сјајот) на дневна основа и во сите сезони? Потребна ни е експертска грижа за нега на кожата: ултра високи концентрации на витамин Ц (25%), исклучителна стабилност и компатибилност со сите типови на кожа.

 

– Eдинствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски

– Производи формулирани од доктори

– Погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки

– Вегански производи

 

Приказната за Vitamin C Booster

 

Модерниот живот понекогаш крие некои лоши изненадувања од нас: загадување, пушење, стрес…кои за наша несреќа ни ги исцрпуваат резервите на витамин Ц. Сепак, овој витамин е клучен за нашата кожа. Овој производ го нарекуваме „Швајцарско ноже“ за убавина: антиоксидантен, проколагенски, антипигментен…

Тогаш како надоместуваме за овој недостаток на Витамин Ц? Технолошкиот предизвик во козметиката е многу покомплициран отколку што изгледа: витаминот Ц е многу нестабилен. Токму оваа проблематика претставуваше возбудлив предизвик за Novexpert и неговиот тим на експерти да ви понуди вистинско револуционерно решение.

Прв остварен предизвик: да се пронајде навистина стабилен витамин Ц комплекс, кој не е осетлив ниту на светлина ниту на топлина.

Втор остварен предизвик: хипоалергенска формула, којашто може да се употребува секојдневно, во текот на целата година и не е фотосензитивна.

Трет остварен предизвик: ултраконцентрирана доза со 25% стабилизиран витамин Ц комплекс.

Нашиот серум со витамин Ц е моќен антиоксидантен производ за нега на кожата. Работи на измазнување на кожата и помага при инстантно подобрување на сјајот. Неопходна формула, која ви дава дневна доза од овој клучен витамин, кој ја гарантира убавината на вашата кожа.

 

Бројка – 25

25% стабилизиран витамин Ц комплекс. Ултрависока концентрација, која го позиционира овој витамински серум како една од референците во оваа категорија за нега.

 

Резултати:

Помазна кожа*

88% од волонтерите си ја забележале својата кожа како инстантно помазна по првата употреба.

Посјаен тен**

98% од волонтерите си ја забележале својата кожа како посјајна по 28 дена употреба.

Намалување на слободни радикали***

-93% намалување на слободните радикали, кои се главната причина за стареењето на кожата.

Користете една или две дози, секоја со големина на лешник, а потоа намачкајте го Бустерот со витамин Ц на целото лице и целните области (пигментациски точки и брчки). Овој Бустер може да се нанесе сам или пред вашиот крем. Можете да нанесете шминка директно откако ќе се нанесе Бустерот.

Фреквенција на употреба: наутро и/или навечер.

Сонцето го уништува витаминот Ц во кожата, што е причина за предвремено стареење. Уникатен и практичен, Booster е компатибилен со изложување на сонце (но не заштитува од УВ зраци – нема крема за сончање). Затоа може да се нанесе под кремот за сонце и/или како производ за нега после сонце.

3-o-ethyl ascorbic acid, adenosine, anogeissus leiocarpa bark extract, ascorbyl methylsilanol pectinate, biosaccharide gum-2, bisabolol, glucosyl hesperidin, glycerin, laminaria ochroleuca extract, saccharide isomerate, sodium hyaluronate, sodium lactate, sodium pca, tocopherol, beta-carotene, caprylic/capric triglyceride, citric acid, glyceryl caprylate, glycine soja, lauryl glucoside, parfum (fragrance), phytic acid, polyglyceryl-2 dipolyhydroxystearate, propanediol, sclerotium gum, silica, sodium citrate, xanthan gum, zea mays (corn) starch, water.

Бустер серум за лице со 25% витамин Ц – 30 мл.
3.230,00 ден