fbpx
bg_image

ACTIVES / ТЕСТЕР СЕРУМ СО “AHA” КИСЕЛИНА 5,1% – 5 МЛ.

25,00 ден

ЕКСФОЛИЈАЦИЈА • РЕГЕНЕРАЦИЈА
АЛФА ХИДРОКСИЛНИ КИСЕЛИНИ • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА • СОК ОД АЛОЕ ВЕРА

Out of stock

Баркод: N/A Шифра: 000868 Категории: 1

Како да се користи

Биокозметички ефект: Алфа хидроксилните киселини (AHA-Alpha Hydroxyl Acids)  го ексфолираат кератинизираниот слој на епидермисот, стимулираат регенерација на кожата и синтеза на колаген, еластин, хиалуронска киселина и церамиди. Ја навлажнуваат кожата, ја зголемуваат  цврстината и еластицитетот, го одржуваат нејзиниот младешки изглед, ја осветлуваат и обезбедуваат антиоксидантна заштита.

Штом навлезат во меѓуклеточниот простор, алфа хидроксилните киселини ги уништуваат протеинските десмозомни мостови помеѓу клетките, ја ослабуваат адхезијата (слепување) на корнеоцитите кои се хоризонтални едни на други и на основните слоеви на епидермисот. Ова води до намалување на компактноста на стратум корниумот, побрзо движење на кератиноцитите кон површината и ефективна ексфолијација на кератинизираните не-нуклеарни клетки. На тој начин, дебелината на стратум корниумот се намалува и се стимулира процесот на диференцијација и обновување на епидермисот. Додатно, предизвикувајќи забрзана ексфолијација на стратум корниумот, алфа хидроксилните киселини можат да стимулираат формација на сигнални молекули (цитокини), кои се одговорни за активирање и имплементирање на про и антивоспалителни реакции на целиот организам.

Хиалуронската киселина е типичен полисахарид, потребен за одржување на нормален баланс на вода во човечката кожа, кој ја одржува кожата хидрирана подолг период.

Индикации (наменето за): Груба, проблематична, мрсна кожа, склона на воспалувања и комедони; кожа во стареење.

Контраиндикации: Оштетена, истенчена, хиперсензитивна површина на кожата, алергиски осипи. Индивидуална интолеранција на компонентите на производот.

Пропратни ефекти: Со прекумерна, или пречеста употреба, можни се црвенила, сувост и иритации на кожата.

###p#< состојки од органско потекло

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете како самостоен козметички производ. Пред употреба, нежно исчистете го лицето со специјално средство за отстранување шминка, или миење. Нанесете на проблематичните делови од лицето.

Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, GLYCERIN, XANTHAN GUM, LACTIC ACID, CITRIC ACID, MAINS DOMESTICA BORKH EXTRACT, BETAINE, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL, SODIUM HYALURONATE, BENZOIC ACID.

ACTIVES / ТЕСТЕР СЕРУМ СО “AHA” КИСЕЛИНА 5,1% – 5 МЛ.
25,00 ден