Биокозметички ефект: Аргининот е амино киселина во форма на протеин, која го оптимира васкуларниот тон и ја активира циркулацијата на крвта, има и антиспазмичен ефект. Вклучен е во регулацијата на два циклуси – циклусот на уреата и циклусот на азотниот оксид – и може да биде конвертиран во неколку други биолошки активни молекули како креатин, или агматин, за да ги регулира телесните функции. Аргининот се метаболизира до азотен оксид (No), кој има антимикробно дејство, а врши и антивоспалителни и регенеративни функции.
Серумот со арганин ја оптимизира брзината на клеточниот метаболизам. Арганинот помага да се измазнат белези и брчки, се справува со раното стареење на кожата и го нормализира тенот.
Индикации (наменето за): Сува, проблематична кожа, склона на стрес и замор.
Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на компонентите на производот.
Пропратни ефекти: Не се идентификувани.