Органски сертифициран, СПФ50+ нијансиран стик кој ги заштитува особено кревките регии од УВ зрачење, истовремено обезбедувајќи природна и покривна нијанса за кожата. Специфично го препорачуваме за несовршености на кожата кои побаруваат апсолутна заштита од УВ зраци како неодамнешни лузни, хипер-пигментации (мелазма, “трудничка маска”), акни итн. Обезбедува многу висока заштита од негативните ефекти на соларната радијација, благодарение на неговите анти-УВА/УВБ минерални филтри и неговиот патентиран екстракт од црвени морски алги, Alga-Gorria® – моќен антиоксидант.
За оптимално естетско заздравување, неодамнешните лузни треба да се заштитуваат од УВ 1 година.
Сонцето е “лажен пријател” против акни. На почеток делува како да помага, но потоа ја влошува состојбата. Региите склони на акни треба да се заштитат од УВ. Хиперпигментациите (лентиго меланом, ‘’труднички маски”, мелазма итн) се нагласуваат по изложување на УВ. Сите пигментни нарушувања мора да се заштитат од УВ за да се избегне влошување.
Црвенилото предизвикано од розацеа исто така треба да се заштити од УВ (особено УВА).
Стикот е:
– Хипоалерген*
– Може да се користи од страна на трудници и доилки
– Може да се користи од 3 годишна возраст
*формулиран да го минимизира ризикот од алергии
Карактеристики
– Хипоалергена формула: не содржи презервативи и додадени мириси
– Висока отпорност на вода и пот
– Компактен формат, практичен и лесен за да го носите со себе
– Природна боја кој ги сокрива несовршеностите на кожата