fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Златна маска за лице – 60 мл.

1.970,00 ден

ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ • СЈАЈНОСТ
БИО-РЕТИНОЛ • МАСЛО ОД ШИПИНКА • МАСЛО ОД АРГАН

7 на залиха

Баркод: 5060200047859 Шифра: 001817 Категории: 1

Како да се користи

Оваа прекрасна златна маска дејствува против знаците на стареење, истовремено хранејќи и хидрирајќи ја вашата кожа и оставајќи ја сјајна! Сертифицирана од COSMOS Organic оваа органска маска е погодна за сите типови на кожа, особено оние со сува или кожа во стареење! Маската е богата со одлични природни состојки кои на вашата кожа ќе и ја дадат грижата и љубовта која таа ги заслужува.

Нашата осветлувачка маска користи био-ретинол, природен растителен екстракт кој има дејства слични како ретинол. Тој е добиено од растението Bidens Pilosa, кој на кожата и ги пружа истите дејства на подмладување и клеточна обнова како и ретинолот, но без никакви иритации! Оваа златна маска исто така содржи арганово масло и масло од шипинка за вистинско хранење и хидратација на вашата кожа, за да свети исто колку и одржливо добиениот микашист минерал кој го користиме за нашиот златен трепет!

 

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

Био-ретинол: Одржлив аналоген био-ретинол добиен од растението Bidens Pilosa кој делува во измазнување на кожата, исполнување на брчките, стимулирање на колагенска синтеза и подмладување на кожата. Оваа неверојатна состојка ја намалува појавата на брчки и го намалува создавањето на слободни радикали.

Масло од шипинка: Шипинката се бори со знаците на стареење и ја одржува кожата негувана и хидрирана. Богата е со био-ретинол кој помага во поттикнување на клеточна обнова и го подобрува изгледот на белезите. Исто така е богата со хранлива Омега-3.

Арганово масло: Аргановото масло има висока концентрација на витамин Е и масни киселини, давајќи и на кожата младешки сјај. Лесно се апсорбира и хидрира. Аргановото масло помага да се подобри еластицитетот и ја остава кожата со чувство на исполнетост и мекост.

 

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете дебел слој на кожата по чистење. Оставете 5-10 минути да делува. Додадете вода за да ја трансформирате златната маска во млечна текстура, а потоа исплакнете. Предупредување: не додавајте вода во теглата, бидејќи тоа ќе ја промени конзистенцијата на вашата нова маска за лице!

 

85.1% состојки од органско потекло, 100.00% состојки од природно потекло

 

СОСТОЈКИ (INCI): HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL*, GLYCERIN**, KAOLIN, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS (SWEET ALMOND) OIL*, ARGANIA SPINOSA (ARGAN) KERNEL OIL*, MICA, TITANIUM DIOXIDE (CI77891), SILICA, IRON OXIDE (CI77491), SUCROSE LAURATE, ROSA CANINA (ROSEHIP) FRUIT OIL*, PARFUM (NATURALLY DERIVED FRAGRANCE), BIDENS PILOSA EXTRACT, ASTROCARYUM MURUMURU SEED BUTTER, GOSSYPIUM HERBACEUM (COTTON) SEED OIL, LINUM USITATISSIMUM (LINSEED) SEED OIL, CITRUS AURANTIUM DULCIS (ORANGE) FRUIT WATER*, VANILLA PLANIFOLIA FRUIT OIL, TOCOPHEROL, SUCROSE STEARATE, SUCROSE PALMITATE, TIN OXIDE.

*состојки од органско земјоделство **направени од органски состојки

 

Златна маска за лице – 60 мл.
1.970,00 ден
Изберете ги полињата што ќе се прикажат. Другите ќе бидат скриени. Повлечете и спуштете за да го преуредите редот.
  • Слика
  • Баркод
  • Рејтинг
  • Цена
  • Залиха
  • Достапност
  • Во кошничка
  • Опис
  • Содржина
  • Тежина
  • Димензии
  • Дополнителни информации
Кликнете надвор за да ја сокриете листата за споредба
Спореди