fbpx
bg_image

Органски антиоксидантен сок од зеленчук – 500 мл.

275,00 ден

Biotta – Breuss Antioxidant

In stock

Баркод: 7618500940103 Шифра: 003627 Категории: 2 , Бренд:

Антиоксидантниот органски сок од зеленчук BIOTTA Breuss е делумно млечен ферментиран коктел од сок од зеленчук со овошни сокови и пире од ацерола. Освен соковите од зеленчук како што се сок од цвекло, морков и целер, коктелот исто така добива и овошна нота од овошните сокови како што се сокот од црна рибизла, грозје и киви. Сокот има балансиран вкус од 50% зеленчук и 50% овошје со особено високи нивоа на природни антиоксиданси. Лакто-ферментацијата го поддржува производството на L+ млечна киселина погодна за цревата и помага да се намали pH вредноста на сокот, што го олеснува варењето.

Антиоксидантот Breuss е добар извор на витамин Ц, кој придонесува за заштита на клетките од оштетувањето од страна на слободните радикали. Овој иновативен сок од овошни темни бобинки и зеленчук се заснова на рецептот од страна на добро познатиот австриски натуропат Рудолф Бреус.

Зад името на Рудолф Бреус кој е роден во 1899 година, а починал во 1991 година се крие една извонредна приказна на скромен и многу надарен човек. Во воите четириесетти години, Брус прочитал германска книга напишана четиристотини години порано, која го привлекла неговото внимание и која го насочила неговиот интерес кон создавање на органски сокови. Книгата ја објаснува вредноста на соковите од зеленчук за детоксикација на телото. Бреус имал големо искуство во постот со органски сок и создал рецепт за сок од зеленчук кој заедно со одредени чаеви од билки, обезбедувал доволно хранливи вредности за да ги задоволи основните барања на телото за време на шестнеделен пост со органски сок.

Како да се користи

Органски сок од цвекло* (лакто-ферментиран) (28%), органски сок од црна рибизла* (15%), органски сок од грозје* (13%), органски сок од киви* (12%), органски сок од морков* (лакто- Ферментиран) (9,2%), органски сок од корен од целер* (лакто-ферментиран) (9,2%), органски сок од аронија* (5%), органско пире од ацерола (5%), органски сок од компир* (лакто-ферментиран) (3,6 %), органски сок од ротквица*.

Пастеризиран.

Вегански производ.

* Од сертифицирано органско земјоделство.

° Млечно ферментиран.

Складирање: Да се ​​чува на ладно место подалеку од светлина.

Алергени: млечна киселина, сок од целер. Не е значаен извор на калории од масти, заситени масти, транс масти, холестерол, витамин А и железо.

Хранливи вредности на 100 ml:
Калории: 110 kcal
Mасти: 0,5 g 0%
Натриум: 28 mg 1%
Јаглехидрати: 25 g 7%
Шеќери: 23 g
Протеини: 1,8 g
Витамин Ц: 20 mg (44% RDI)
% дневна вредност*

Органски антиоксидантен сок од зеленчук – 500 мл.
275,00 ден