Вкусен и со мала содржина на заситени масни киселини, овој растителен пијалок од Bjorg ќе ве изненади со вкусот на лешник. Освежителен и кремаст, може да се консумира во секој дел од денот, како топoл или ладен напиток или за подготовка на разни кулинарски рецепти.
– Не содржи додаден шеќер
– Со ниско ниво на заситени масни киселини
– 100% растителна основа**
**100% од земјоделските состојки се од растително потекло
Kарактеристики: Овој растителен пијалок се произведува во фабриката на Bjorg во Италија, која се напојува со 100% одржлива енергија.
Рецепт за подготовка на колач од овесна каша со овошје:
Потребни состојки:
1 јајце
10 g кафеав шеќер
20 g растопен маргарин
25 ml растителен пијалок од спелта и лешници
10 g брашно
1/4 ќесичка сушен органски квасец
25 g органски овесни снегулки од Bjorg
35 g црвено овошје (свежо или замрзнато)
Време за подготовка: 15-30 минути
Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180°. Растопете го путерот и измешајте го со силно матење заедно со кафеавиот шеќер. Додадете ги јајцата едно по едно, додека продолжувате со матењето. Загрејте го растителното млеко, додадете го кај јајцата и продолжете со матење. Брашното и квасецот се просејуваат, се додаваат овесните снегулки и сето убаво се меша. Направете отвор во средината и истурете ја течната смеса. Измешајте сè заедно со кружни движења. Додадете го црвеното овошје. Намачкајте го калапот за колачи (20 cm) со путер и истурете го тестото во него. Печете околу 30 минути. Пред да послужите, оставете да се олади. Уживајте!
Наш совет: Доколку користите замрзнато црвено овошје, за да не се згмечат плодовите, во последен момент истурете ги во сито, посипете ги со 1 лажица брашно, просејте и додадете ги во подготовката.
Вода, спелта* (пченица) 7%, ориз* 6%, лешници* 3%, овес* 2,2%, ладно цедено сончогледово масло*, морска сол.
*органски состојки
Може да содржи и други јаткасти плодови.
Пакување: Капачето од пакувањето е направено од шеќерна трска, која е 100% обновлив ресурс. Картонот од пакувањето е направен од 88% растителен материјал.
Хранливи вредности на 100 ml:
Енергија: 300 kJ/72 kcal
Масти: 3,2 g
од кои заситени: 0,3 g
Јаглехидрати: 10 g
од кои шеќери: 5,2 g
Растителни влакна: 0,7 g
Протеини: < 0,5 g
Сол: 0,06 g