fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Третман за скалп и раст на коса – 100 мл.

1.610,00 ден

Третман кој го стимулира растот и повторното растење на косата и е специјализиран производ за скалпот.

8 на залиха

Баркод: 4751009820675 Шифра: 001028 Категории: 2 ,

Како да се користи

Овој 3 минутен стимулирачки третман базиран на габи, за пред миење на косата, го полни вашиот скалп со енергизирачки активни состојки за целосни и поцврсти прамени. Формулиран е со ревитализирачки кафеин и цинк, како и амино киселини, витамин ниацин (Б3) за раст, патотенска киселина (Б5) за задебелување на влакното од уникатната Лисичирка. Се бори против стареење на скалпот, губиток и истенчување на коса. Го зголемува волуменот кај корените.
ВО ФОКУС:
Екстракт од Лисичарка за подолги и поцврсти прамени.
Физичкиот и емоционалниот стрес, изложеноста на УВ, промената на годишните времиња, лошата исхрана, недостатокот на есенцијални хранливи материи, лошите навики за нега и стилизирање на коса – сите овие фактори негативно влијаат на растот, дебелината, отпорноста и сјајот на косата. Екстрактот од Northern Chanterelle содржи витамини за зголемување на растот – ниацин (Б3), биотин (Б7) и патотенска киселина (Б5), како и 12 амино киселини, 32 различни актиоксиданти и бета – глукани кои помагаат ефективно да се зајакне кревката, фина коса, да се неутрализира штетното влијание од околината и да се обнови природната виталност, сила и сјај на вашата коса. Со збогатување на нашите формулации со кафеин и цинк, кои ги енергизираат фоликулите и ја зголемуваат микроциркулацијата, создадовме единствен режим во 3 чекори за нега на коса за зголемен раст, за подолги, поцврсти и посјајни прамени.
РАСТ – го прочистува скалпот, овозможува раст на коса, подобрува еластицитет, зголемува волумен, контролира масност.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Што е цуклусот раст на коса?
– Три различни фази се забележуваат во циклусот на раст на косата. 85% до 95% од косата е во фаза на активен раст или анаген (трае неколку години), останатите 5-15% е во катаген (фаза на транзиција, кога косата повеќе не расте – оваа фаза трае неколку недели) или телогената фаза (трае од неколку недели до неколку месеци). На крајот од телогената фаза, косата секогаш паѓа и се заменува со нова. Во скалпот има просечно 100.000 фоликули (луѓето со руса коса имаат најмногу фоликули, луѓето со црвена коса – најмалку), и нивниот број не се менува за време на животот. Ова значи дека новата коса секогаш ја заменува косата што паднала.
Што го предизикува губитокот на косата и истенчувањето?
– Има безброј причини кои што можат да предизвикаат губиток на коса и истенчување – процес на стареење, недостаток на есенцијални хранливи материи во вашата исхрана, стресни животни периоди, бременост, хормонска/хормонална нерамнотежа, наследност и одредени болести.
Која е просечната количина на коса што здрав човек ја губи дневно?
– Здрав човек губи просечно 50 – 200 влакна дневно, и не треба да биде загрижен за оваа количина.
Се чини дека јас губам малку повеќе коса при примена на овој третман – зошто е тоа така? Треба ли да се загрижам и да престанам со користење?
– Бидејќи серумот се нанесува на сува коса, извршувајќи стимулациска масажа, нормално е да се забележи малку повеќе падната коса за време на плакнење или после тоа. Ова е исто така резултат на механичко влијание, и оваа количина на влакна секако би ја загубиле – за време на сушењето, чешлањето или допирањето потоа. Имајте на ум дека масажата на скалпот и секое миење значат дополнително оптеретување за косата. Серумот ги снабдува фоликулите на косата со неопходни хранливи состојки за здравјето на скалпот и растот на косата, стимулирајќи го растот на новата – и овие влакна природно ги заменуваат влакната што паѓаат на крајот од фазата на телоген. Не грижете се!
Чувстувам мало пецкање за време на и после користењето на овој третман,  дали е тоа нормално?
– Да, нормално е да се забележи благо пецкање кога се започнува со примена на третмани за раст на косата. Активните состојки во производот ја стимулираат микроциркулацијата во скалпот, а споменатите сензации укажуваат на дејството и ефективноста на производот.

Третман за скалп и раст на коса – 100 мл.
1.610,00 ден
Изберете ги полињата што ќе се прикажат. Другите ќе бидат скриени. Повлечете и спуштете за да го преуредите редот.
  • Слика
  • Баркод
  • Рејтинг
  • Цена
  • Залиха
  • Достапност
  • Во кошничка
  • Опис
  • Содржина
  • Тежина
  • Димензии
  • Дополнителни информации
Кликнете надвор за да ја сокриете листата за споредба
Спореди