Како да се користи
Паста за заби за белеење Minter Is Coming – 75 мл.
365,00 ден
ЧИСТЕЊЕ • БЕЛЕЕЊЕ • ЗАШТИТА
НАНЕ • ЛИМОН • ПЕРЛИТ (ВУЛКАНСКИ МИНЕРАЛ)
5 на залиха
Minter is coming е сертифицирана органска паста за белеење на заби, со природен вкус на нане и органски екстракт од лимон. Нежно ги прочистува забите и ги белее на природен начин, запазувајќи го балансот на устата.
Пред да почнеме да ви кажуваме што се содржи оваа паста, најпрво да ви кажеме што се не содржи.
Нашата природна и органска паста за заби е без флуорид, сулфати, титаниум диоксид, триклосан, алуминиум, ПЕГ, парабени и без пропилен гликол.
Зошто? Затоа што сите овие состојки се под сомнеж дека се штетни, па дури и опасни по нашето здравје, па ние едноставно решивме да ги изоставиме и замениме со природни алтернативи.
Дополнително, отсуството на флуорид ја прави оваа паста за заби погодна за употреба и за вашите деца.
Нашата формула е 99,5% природна, сертифицирана органска и контролирана од Ecocert и Cosmebio и, погодете уште што? Вашите заби ќе бидат чисти, бели и заштитени од плак и бактерии.
ЗАТОА, НИЕ ВО ОВАА ПАСТА УПОТРЕБИВМЕ:
- Перлит (минерално потекло), кој е одговорен за природното избелување, со полирање на глеѓта на забите;
- Органски екстракт од лимон, со антибактериски и прочистувачки својства, исто така активно се бори против денталниот плак;
- Нане збогатено со ментол за ледено свеж здив!
АКО ЗАПАДНАВТЕ ПОД ШАРМОТ…
Добрата работа е што имаме три! Во нашата фамилија на пасти, откријте ги исто така и Bisou Givré, освежувачка паста за заби на база на органска јаболка и Fresh Kiss, заштитувачка паста за заби со органско грозје. Исто така добри „браќа“ во сите аспекти, но пред се со незаменливо добар состав и без контроверзни состојки!
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете мала количина на четката за заби и четкајте во правецот на раст на забите (од горе кон долу за горните и од долу кон горе за долните заби) во времетраење од 3 минути. При четкањето гледајте да избегнувате да изговарате Supercalifragilisticexpialidocious (претпоставуваме дека веќе се обидовте да го изговорите). 🙂
Дополнителен совет: Затворајте ја славината додека ги четкате забите, штедете вода и употребувајте ја совесно!
СОСТАВ (INCI): HYDROGENATED STARCH HYDROLISATE, AQUA, HYDRATED SILICA, GLYCERIN, PERLITE, CITRUS LEMON, AROMA, SODIUM COCOAMPHOACETATE, XANTHAN GUM, LEVULINIC ACID, MENTHYL LACTATE, MENTHOL SODIUM CHLORIDE, SODIUM HYDROXIDE, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER, RAPHANUS SATIVUS ROOT EXTRACT, CITRIC ACID.
12% состојки од органско потекло.
99,5% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC.