fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

МИНИ крема за хидратација на дехидрирана и иритирана кожа – 15 мл.

925,00 ден

Хидратантната крема со корен од божур ја хидрира кожата и формира заштита на надворешниот слој.

16 на залиха

Баркод: 4752223008528 Шифра: 001788 Категории: 2 ,

Како да се користи

Ја чувствувате кожата иритирана, сува или затегната?
Ви се појавуваат видливи линии и брчки?
Кожата изгледа бледо и без здрав сјај?
Површината на кожата е погруба на допир?
Ако одговорот на барем едно од овие прашања е ДА, тогаш тоа може да биде знак на дехидрираност, односно на драстично намалена хидратација на кожата. Дехидрираноста води кон предвремено стареење на кожата и зголемена сензитивност.
Интензивна хидратантна крема збогатена со anti-age антиоксиданти од нордиски божур, ленено семе и хиалуронска киселина. Ја хидрира, освежува и смирува дехидрираната и иритирана кожа и ѝ го враќа младешкиот изглед. Делува и како заштитен слој од негативните ефекти на животната околина. Оваа крема го намалува изгледот на фините линии и овозможува оптимална хидратација.
ТЕСТИРАНА И ОДОБРЕНА ОД КЛИНИЧКИ ДЕРМАТОЛОЗИ
Хидратацијата на кожата се зголемува за 80% по 4 недели редовна употреба.*
*Тестирано на 35 пациенти со јасно видливи знаци на дехидрирана кожа.
ТИП НА КОЖА: сите типови на кожа, сите возрасни групи. Особено погодна за сува, дехидрирана и иритирана кожа, која се осеќа затената, без сјај, со видливи фини линии и/или брчки. Одлична и за мажи.
КОЖАТА ЈА ОСЕЌАТЕ СУВА КАКО ХАРТИЈА?
„Дехидрираноста е чест проблем на кожата предизвикан од надворешните фактори на животната околина, производите со иритантни состојки и стареењето. Таа може да се третира со здрава исхрана и со соодветна козметика, која ќе ја балансира хидратацијата и ќе го зајакне заштитниот слој на самата кожа.“
ПРОФЕСОР ПО ДЕРМАТОЛОГИЈА, Dr.Med. Janis Kīsis
ВО ФОКУС:
КОРЕН ОД БОЖУР
Екстрактот од корен од божур има висока антиоксидантна активност, благодарение на присутноста на активни биомолекули како paeoniflorin, proanthocyanidins и флавоноиди, заштитувајќи ги клетките на кожата од можни оштетувања од животната околина. Ги заштитува клетките на епидермисот од оштетувања на ДНК-та предизвикана од ултравиолетово Б (УВБ) зрачење. Осумнеделна клиничка студија со 20 волонтери, резултирала со статистички драстично намалување на брчките на лицето. Полисахаридите кои се наоѓаат во кората и коренот од божурот, имаат покажано дека можат да ги стимулираат имуните клетки.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Како може еден козметички производ да овозможи хидратација и на подлабоките слоеви на кожата, а не само на најгорниот
Хидратацијата преку овој производ се одвива благодарение на 4 механизми:
– Создавање на заштитен слој, кој ја регулира размената на влага (вода) помеѓу кожата и животната околина, овозможувајќи ѝ на тој начин хидратација на кожата.
– Благодарение на нивните хигроскопски (апсорбирање на вода) својства, хидратантните состојки (како хиалуронската киселина и бетаинот) ја задржуваат водата во кожата и на тој начин ја држат заробена хидратацијата во сите нејзини слоеви на самата кожа.
– Антиоксидантните и активни состојки во оваа крема го штитат надворешниот слој на кожата од оштетувања од животната околина, како и од оксидативен стрес предизвикан од загадувањето.
– Растителните активни состојки на оваа крема го креваат нивото на водни резерви во кожата преку стимулација за создавање на природни хидратанти.
Дали производите од SOS линијата имаат SPF фактор?
Не, SOS производите немаат фактор за заштита од сонце.
Зошто текстурата на SOS производите е беж? Дали се пигментирани?
SOS производите немаат пигментирачки својства. Бојата на текстурите произлегува од природните минерални пигменти во составот.

МИНИ крема за хидратација на дехидрирана и иритирана кожа – 15 мл.
925,00 ден
Изберете ги полињата што ќе се прикажат. Другите ќе бидат скриени. Повлечете и спуштете за да го преуредите редот.
  • Слика
  • Баркод
  • Рејтинг
  • Цена
  • Залиха
  • Достапност
  • Во кошничка
  • Опис
  • Содржина
  • Тежина
  • Димензии
  • Дополнителни информации
Кликнете надвор за да ја сокриете листата за споредба
Спореди