Овој црн прочистувачки путер, кој нежно и ефективно го чисти лицето, се трансформира во лесно млеко за чистење, кога е во допир со вода. Без никаков напор, отстранува шминка и поради сензитивната мешавина на состојки, погоден е и за отстранување на шминка од очи.
Јагленот абсорбира нечистотија и ги чисти порите, додека Органското масло од Ленено Семе храни и омекнува. Органските масла од Сибирски Бор и Алтаи Волчји трн, комбиниран со екстракт од див Златен Корен ја оставаат кожата завидно мека и еластична. Кожата се прочистува, откривајќи сјаен тен.
Користејќи ја шпатулата, нанесете од путерот за чистење, директно на сува кожа. Масирајте нежно на кожата, вклучувајќи го и пределот на очите, но држете ги очите затворени. Намокрете ги рацете и продолжете да масирате. Путерот ќе се претвори во млеко за чистење. Исплакнете темелно со вода. Во случај на контакт со очите, исплакнете веднаш.
helianthus annuus hybrid oil*, polyglyceryl-3 diisostearate, glyceryl stearate, polyglyceryl-10 oleate, cera alba*, polyglyceryl-6 caprylate, polyglyceryl-3 cocoate, polyglyceryl-4 caprate, polyglyceryl-6 ricinoleate, charcoal powder, hippophae rhamnoides fruit oil*, pinus sibirica seed oil ʷʰ*, rubus idaeus seed oil*, linum usitatissimum seed oil*, rhodiola rosea root extract ʷʰ*, tocopherol, parfum, limonene.
(* = состојка од органско земјоделство,** = составено од органски состојки, ʷʰ = рачно набрани органски екстракти од сибир, ᵖˢ = дериват од масло од сибирски бор, ʰ = хидролат од органско сибирско растение.)
62,39% состојки од органско потекло
100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC