fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Мицеларна вода за сензитивна кожа O Ma Douce – 400 мл.

700,00 ден

ЧИСТЕЊЕ • ХИДРАТАЦИЈА
EКСТРАКТ ОД КРАСТАВИЦА • МОРСКА СОЛ • СОК ОД АЛОЕ ВЕРА

28 на залиха

Баркод: 3770002306970 Шифра: 001507 Категории: 1

Како да се користи

Мицеларна вода со органска краставица која ефективно отстранува шминка од деликатна кожа, без да ја напаѓа. Составена е од водени и свежи растителни состојки за да ја рехидрира кожата: омекнувачки глицерин, алое вера и органска краставица за ефективно и нежно отстранување на шминка.
Сензитивноста на кожата може да е предизвиканa од неколку причини: загадување, стрес, генетика, алергии, премногу абразивна козметика…
Хидролипидната бариера на кожата, главниот штит против агресиите е оштетена, правејќи ја кожата ранлива. Поради тоа, таа делува диспропорционално на надворешниот стрес: едноставна промена во температурата може да стане вистински проблем. Црвенила, затегнатост, псоријаза, печење, перутење на кожата (убав збор за неубав феномен: кога кожата се лупи без причина!)…
Кожната бариера исто така има улога во задржувањето на водата: нејзините промени можат да ја направат кожата сува и дехидрирана.
Како и да е, доста е возможно да имате комбинирана и воедно сензитивна кожа: O ma douce е дизајнирана особено за сензитивна кожа, но без да остава мрсен слој.
Треба да избегнувате козметика со хемиски или агресивни состојки, алкохол, сулфати, сурфактанти, есенцијални масла и синтетички мирис, кои може само да ги влошат симптомите на веќе ослабената кожа.

СОСТОЈКИТЕ НА O MA DOUCE:
–    Органска краставица со регенерирачки, освежувачки и заздравувачки својства. Полна со вода, исто така помага да се заштити кожата благодарение на антиоксидантното дејство. Многу добро толерирана од кожата, често се користи за да смири иритирана или оштетена кожа.
–    Омекнувачки зеленчуков глицерин: има исто така хумектантни и хидрирачки својства кои помагаат кожата да се одржи природно хидрирана.
–    Алое вера вистинска рок ѕвезда за сензитивна кожа. Употребувана директно на кожата за да лечи изгореници и изгореници од сонце, има анти-воспалителни  смирувачки својства. Содржи витамини, микроелементи и амино-киселини. Тоа е моќен навлажнувач (помага да се задржи водата) и ја враќа еластичноста и мекоста на кожата. Богато со анти-оксидант, исто така е  шокантен агенс против стареење!

ТАЈНИ НА ПРОИЗВОДСТВО
За да направите добра O Ma Douce мицеларна вода ќе ви треба…
Органска краставица: со регенерирачки и смирувачки својства, нејзината pH вредност блиска до онаа на кожата и помага самостојно да се обновува. Составено главно од вода, ја хидрира и исполнува кожата.
Алое вера: Одличен навлажнувач, ја збогатува кожата со витамини, микроелементи и стимулира обнова.

 

21,10% состојки од органско потекло

99,70% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

 

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Да се употребува навечер само за отстранување на шминка. Ве молиме исплакнете ја вашата кожа по употреба или исчистете го лицето со Frimoussе, нежна и лесна пена за чистење или со The Cleanser, желе богато со втамини кое се претвора во пена при допир со вода.

 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER), PROPANEDIOL, GLYCERIN, DECYL GLUCOSIDE, SODIUM CITRATE, PERFUME (FRAGRANCE), SEA SALT, ALOE BARBENDIS LEAF JUICE POWDER *, CUCUMIS SATIVUS (CUCUMBER) FRUIT EXTRACT, LEUCONOSTOC / RADISH ROOT FERMENT FILTRATE, SODIUM BENZOATE, CITRIC ACID, LEVULINIC ACID, SODIUM LEVULINATE, ARGININE, SODIUM HYDROXIDE, SILICA.

Мицеларна вода за сензитивна кожа O Ma Douce – 400 мл.
700,00 ден
Изберете ги полињата што ќе се прикажат. Другите ќе бидат скриени. Повлечете и спуштете за да го преуредите редот.
  • Слика
  • Баркод
  • Рејтинг
  • Цена
  • Залиха
  • Достапност
  • Во кошничка
  • Опис
  • Содржина
  • Тежина
  • Димензии
  • Дополнителни информации
Кликнете надвор за да ја сокриете листата за споредба
Спореди