Како да се користи
Органска безглутенска смеса за бургер лепчиња – 440 гр.
290,00 ден
Out of stock
Со безглутенската смеса за бургер лепчиња на Urtekram можете да направите вкусни класични лепчиња за бургери. Совршени за бургери и сендвичи. Смесата за бургер лепчиња без глутен е органска и богата со растителни влакна. Лесно се подготвува и може да се подготви и еден ден претходно.
Рецепт за смеса за бургер лепчиња без глутен:
1. Потребни состојки:
– 1 ќесичка од смесата за бургер лепчиња
– 600 g млака вода
– 15 g свеж квасец без глутен
– 40 g сончогледово масло
2. Начин на подготовка:
Земете сад со облик на лепче за бургер. Може да ви послужи стаклен сад со дијаметар од 12 cm, висок 5,5 cm кој приближно собира 3 dl, односно би направиле 6 бургер лепчињата во зависност од големината.
Обложете ги калапите каде ќе се печат лепчињата со сончогледово масло. Земете голем сад за матење и додадете го квасецот со водата во садот и изматете додека не се раствори.
Додадете масло а потоа и смесата со брашно во садот за матење и матете додека не се добие густа каша без грутки.
Веднаш потоа истурете го тестото во калапите каде ќе се печат лепчињата и оставете го на собна температура неколку часа.
Кога тестото добро ќе нарасне, ставете го со калапите во фрижидер минимум 2 часа. По можност преку ноќ.
Вклучете ја рерната на приближно 200 степени целзиусови и извадете го тестото од фрижидер.
Извадете го тестото од калапот и внимателно ставете го на плех обложен со хартија за печење. Намачкајте ги лепчињата со млеко или изматено јајце и посипете ги со сусам.
Лепчињата се печат приближно 20 минути. По печењето оставете ги да се изладат околу 1/2 час пред да се јадат.
Состав: Оризово брашно *, пченкарно брашно *, брашно од киноа *, шеќер од трска *, лушпи од псилиум *, сол (додаден јод).
* органско потекло
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 1480 kJ/350 kcal
Масти: 2 g
од кои заситени: 0,4 g
Јаглехидрати: 73 g
|
|