fbpx
bg_image

Органска безглутенска смеса за овесни лепчиња – 440 гр.

220,00 ден

In stock

Баркод: 5701058004143 Шифра: 002148 Категории: 4 , , , Бренд:

Со безглутенската мешавината за овесни лепчиња без глутен на URTEKRAM можете да направите вкусни сунѓерести лепчиња кои се совршени за појадок или пак да ги спакувате за ручек на работа. Мешавината за овесни лепчиња без глутен е органска и богата со растителни влакна. Лесно се подготвува и може да се подготви и еден ден претходно.

 

Меки овесни лепчиња без глутен

Со брашното од овес на URTEKRAM можете да печете сочни лепчиња без глутен со гаранција. Оставете го тестото да отстои преку ноќ и ќе имате вкусни вкусни, топли кифлички на трпезата за појадок.

Рецепт за подготовка на меки овесни лепчиња без глутен:

1. Потребни состојки:

– Смеса за овесни лепчиња

– 6 g квасец

– 6,5 dl топла вода

– Масло за јадење

– Овесна каша без глутен

2. Начин на подготовка:

Обложете правоаголен сад за печење со фолија и лесно намачкајте ја со масло.

Истурете млака вода во голем сад. Растворете го квасецот во водата и измешајте со жица за матење. Додадете ја смесата со брашно од овес и мешајте додека тестото не стане како каша. Истурете веднаш во тавата.

На површината посипете малку овесна каша без глутен. Покријте ја тавата со пластична фолија и оставете да стаса неколку часа на собна температура. Добро нараснатото тесто ставете го во фрижидер најмалку 2 часа, по можност преку ноќ.

Загрејте ја рерната на 220 степени и извадете го тестото од фрижидер. Подигнете го тестото од тавата со фолија. Тестото поделете го на 8 парчиња и внимателно ставете ги парчињата на плех обложен со хартија за печење.

Печете ги овесните лепчиња околу 20 минути. Оставете ги да се изладат ½ час пред јадење.

Големината на тавата треба да биде приближно 14×20 cm. Висина најмалку 6 см и волумен од приближно 1,8 л.

Овесно брашно* (без глутен), брашно од наут*, интегрално пченкарно брашно*, лушпа од псилиум*, сол (јод).

* органско потекло

Хранливи вредости на 100 g:

Енергија: 1440 kJ/ 340 kcal

Масти: 6 g

од кои заситени: 1 g

Јаглехидрати: 55 g

од кои шеќери: 1 g

Растителни влакна: 13 g

Протеини: 12 g

Сол: 1,93 g

Органска безглутенска смеса за овесни лепчиња – 440 гр.
220,00 ден