fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Мицелрна вода за лице – 190 мл.

1.475,00 ден

ПРОЧИСТУВАЊЕ • ХИДРАТАЦИЈА
ЕКСТРАКТ ОД КАЛИНКА • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА • ЕКСТРАКТ ОД СЕМЕ ОД МОРИНГА

8 на залиха

Баркод: 5060200047743 Шифра: 001809 Категории: 1

Како да се користи

Органска мицеларна, прочистувачка вода дизајнирана за чистење и тонирање на вашата кожа, користејќи ги мицеларните молекули за нежно отстранување на шминката и нечистотијата, без предизвикување иритации.

Овој природен отстранувач на шминка користи моринга пептиди кои помагаат во отстранувањето на микро-честичките на загадување од кожата, и хиалуронска киселина која ја задржува влажноста во кожата и го зголемува создавањето на колаген.

Нашата хидратантна мицеларна вода содржи и калинка која е богата со антиоксиданти како елагична киселина, витална во заштитувањето на кожата и лимитирање на загубата на вода, за да имате кожа која е неверојатно чиста и сјајна.

 

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

Екстракт од калинка: Одлучивме да користиме органска калинка во нашиот мицеларен чистач бидејќи е богата со висока концентрација на елагична киселина. Ова значи дека таа може да помогне со регулација на клеточниот промет и зајакнување на клеточните мембрани, што за возврат води кон лимитирање на загубата на вода и оштетување од слободните радикали.

Хиалуронска киселина: За да се осигураме дека оваа мицеларна вода нема да ја суши вашата кожа, одбравме да користиме хиалуронска киселина. Оваа состојка може да задржи до 1000х повеќе вода од сопствената тежина, правејќи ја високо-ефективна состојка во производи за хидратација. Хиалуронската киселина помага да се намалат брчките, давајќи и на вашата кожа помлад изглед и подобрен тон. Ние користиме ниско-молекуларна хиалуронска киселина која пенетрира длабоко во кожата и има поефективни хидрирачки својства. Исто така го зголемува и создавањето на колаген.

Моринга пептиди: Сакавме нашата мицеларна вода покрај тоа што ќе отстранува шминка од вашата кожа, да ви помогне и во заштитата на кожата – спречувајќи микрочестичките од загадувањето како издувни гасови од коли или дим од цигари да се налепуваат на кожата, затоа ги одбравме моринга пептидите. Тие имаат одлични анти-бактериски и анти-воспалителни својства кои ја оставаат вашата кожа чиста и смирена.

 

50.9% состојки од органско потекло, 100% состојки од природно потекло

 

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Користете ја нашата Deep Clean мицеларна вода заедно нашиот Gentle балсам за чистење, за нежна и едноставна рутина за двојно чистење. Со ова ќе се погрижите вашата кожа да е чиста, заштитена и негувана – спремна за денот што ја чека.

Мицеларната вода може да се користи и самостојно како отстранувач на шминка на крајот на денот. Покрај тоа што чисти и тонира во еден чекор, исто така помага во отстранувањето на микро-честичките на загадување од денот!

Како и со секој нов производ за нега, најдобро е постепено да го вклучите во вашата рутина, за да видите како вашата кожа ќе го прифати, па штом видите дека вашата кожа има корист од порчистувачките, тонирачките и хидрирачките својства од нашиот мицеларен чистач, можете целосно да го вклучите во вашата рутина на следниов начин: Нанесете три пумпици од мицеларниот чистач на вата и нежно чистете го вашето лице и врат за да отстраните шминка и нечистотии од кожата.

 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER), ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE*, ROSA DAMASCENA FLOWER WATER*, PENTYLENE GLYCOL (FROM SUGAR CANE), POLYGLYCERYL-4 LAURATE/SEBACATE, POLYGLYCERYL-4 CAPRYLATE/CAPRATE, SODIUM HYALURONATE, GLYCERIN**, MORINGA PTERYGOSPERMA SEED EXTRACT, PUNICA GRANATUM FRUIT EXTRACT*, DEXTRIN, PHYTIC ACID, CITRIC ACID.

*состојки од органско земјоделство **направени од органски состојки

 

Мицелрна вода за лице – 190 мл.
1.475,00 ден
Изберете ги полињата што ќе се прикажат. Другите ќе бидат скриени. Повлечете и спуштете за да го преуредите редот.
  • Слика
  • Баркод
  • Рејтинг
  • Цена
  • Залиха
  • Достапност
  • Во кошничка
  • Опис
  • Содржина
  • Тежина
  • Димензии
  • Дополнителни информации
Кликнете надвор за да ја сокриете листата за споредба
Спореди