Внесете го кодот Akcija30 во вашата кошничка и добијте 30% попуст на селектираните производи од категоријата Акција! ❤️

Капиштец: 078 885 333 | Тел: 077 703 888

Внесете го кодот Akcija30 во вашата кошничка и добијте 30% попуст на селектираните производи од категоријата Акција! ❤️

bg_image

Покачениот крвен притисок е сериозен здравствен проблем на денешницата, а неговата опасност е дополнително нагласена поради фактот дека истиот нема лесно воочливи и видливи симптоми. Хипертензијата е често наречена и „тивкиот убиец“, бидејќи луѓето може со години да ја имаат, без притоа да забележат.

Одржувањето на нормалниот крвен притисок е клучно за добро здравје, а “Breuss” сокот за крвен притисок е одличен природен начин да се постигне тоа. Овој уникатен сок е направен според оригиналната рецепта на австрискиот натуропат “Rudolf Breuss”. Добиен е од висококвалитетни органски овошја и зеленчук, полни со витамини и минерали, а особено со калиум.

Поголемиот дел од популацијата се свесни дека ограничениот внес на натриум е клучен за спречување и лечење на високиот крвен притисок, но многу мал број обрнуваат внимание на другиот клучен елемент – правилен внес на калиум.

Придобивки од внесување на калиум:

  • Ги контролира и балансира ефектите на натриумот
  • Го „чува“ кардиоваскуларното здравје
  • Помага во балансирањето на течностите
  • Го регулира крвниот притисок
  • Неопходен е за работата и контракцијата на мускулите, особено срцевиот мускул
  • Помага во одржување на здравјето на коските
  • Го намалува ризикот од појава на камења во бубрезите

Сочниот пијалок е направен од пет различни видови зеленчук, како и јаболко и портокал, “Biotta Breuss” сокот за крвен притисок ве носи чекор поблиску до уживањето во придобивките од калиумот. Само една чаша од овој сок содржи 468мг природен калиум односно 12% од потребниот дневен внес на овој електролит. Овој напиток можете да го уживате во било кое време од денот.

Состојките потекнуваат од органско земјоделство, што значи дека сите се од највисок квалитет и без хемиски адитиви. Нема додадени шеќери и сол, погоден е за вегани и вегетаријанци и сите што следат било каков тип на диета. Генерално не содржи алергени со исклучок на целерот и млечната киселина која се користи при ферментација.

Сокот е мешавина од 55% зеленчук и 45% овошје, што ја прави идеален за оние кои сакаат да внесат природа во својата исхрана. Високата концентрација на овошје и природната сладост, го прави одличен избор за оние кои не се љубители на зеленчук.

Секојдневното конзумирање на овој сок не само што ќе ви помогне да се чувствувате подобро и да го подобрите регулирањето на крвниот притисок туку истовремено ќе ви понуди природна енергија и свежина.

Сакате да го подобрите вашето здравје? Пробајте го “Breuss” сокот за крвен притисок и почувствувајте ја разликата!