bg_image

Органски овесни снегулки – 500 гр.

235,00 ден

In stock

Баркод: 3229820019307 Шифра: 003336 Категории: 2 , Бренд:

Органските овесни снегулки од Bjorg се богати со растителни влакна и магнезиум. По ваша желба можете да ги консумирате како топла или ладна овесна каша.

 

– Не содржат додаден шеќер

– Направени од интегрален овес

Рецепт за подготовка на вегетаријански палачинки од овесна каша/растителен пијалак (без лактоза):

Потребни состојки:

1 супена лажица пире од бадем

1 зрела банана

1 супена лажица сируп од агаве (или мед)

225 ml растителен пијалок од соја без шеќер на Bjorg

150 g интегрално брашно (пченица, ориз, овес или хељда)

50 g овесни снегулки на Bjorg

2 супени лажици прашок за пециво

Време за подготовка: 30-45 минути.

Начин на подготовка: Испасирајте ја бананата со пирето од бадем и сирупот од агаве (или медот). Постепено разредете ја смесата со млеко. Додадете ги брашното, овесната каша и прашокот за пециво. Оставете ја смесата да отстои 30 минути на собна температура. Загрејте нелеплива тавче на тивок оган, малку подмачкајте ако е потребно. Кога тавчето е загреано, со мала лажичка земете од тестото и формирајте мали палачинки со дијаметар од околу 10 cm и ставете ги во тавчето. Кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња на површината на палачинките, внимателно превртете ги и продолжете со пржење се додека на дното од палачинките не добиете златно кафеава боја. Уживајте ги со јаворов сируп, свежо овошје или намаз.

Овесни снегулки од органско земјоделство.

Може да содржи траги од млеко, јаткасти плодови, сусам и соја.

Пакување: Пакувањето е направено од 50% шеќерна трска (обновлив материјал).

Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1524 kJ/362 kcal

Масти: 7,1 g

од кои заситени: 1,3 g

Јаглехидрати: 58 g

од кои шеќери: 1,7 g

Растителни влакна: 11 g

Протеини: 11 g

Сол: 0,02 g

Магнезиум: 126 mg (34 % од NRV**)

**NRV = Нутритивни референтни вредности

Органски овесни снегулки – 500 гр.
235,00 ден