bg_image

Органски растителен пијалак од кокос без шеќер – 1 л.

160,00 ден

Out of stock

Почестете се со овој освежителен пијалок, кој ќе ве изненади со својот природен и лесен вкус на кокос, без шеќер. Можете да го пиете свеж, ладен или топол со вашиот чај и кафе, а може да ви послужи и како идеален додаток во вашето смути. Со многу можности за уживање, за здраво 100% задоволство!

– Не содржи шеќер

– Со низок процент на масленост

– 100% растителна основа**

**100% од земјоделските состојки се од растително

Карактеристики: Растителниот пијалок од кокос без шеќер е направен во Италија. Кокосот кој се употребува при производството на растителниот пијалок е внимателно собран во Јужна Азија*.

*приоритетен извор на снабдување

Рецепт за подготовка на безглутенски крем сладолед со банана и црвено овошје (без лактоза):

Потребни состојки за сладоледот:

1 банана

50 g јагоди

25 g малини

40 ml органски растителен пијалак од кокос, без шеќер од Bjorg

Време за подготовка: 15 минути.

Потребни состојки за декорација:

кокосови струготини

чиа семе

свежи јагоди

Начин на подготовка: Исечете ги бананите на парчиња и ставете ги во замрзнувач преку ноќ. Измијте го црвеното овошје. Во садот за блендер ставете ги замрзнатите парчиња банана, јагоди, малини и растителниот пијалак од кокос од Bjorg. Блендирајте 30 секунди. Украсете со малку црвено овошје, кокосови струготини и посипете со чиа семе. Уживајте!

Вода, кокос 4,8%, скроб од ориз*, природна арома од кокос*, морска сол, стабилизатор: гуар гума*, ксантанска гума.

*органски состојки

Пакување: Картонското пакување е направено од 88% растителен материјал и придонесува за намалување на емисијата на C02 на нашата палета.

Хранливи вредности на 100 ml:

Енергија: 84 kJ/20 kcal

Масти: 1,5 g

од кои заситени: 1,2 g

Јаглехидрати: 1,7 g

од кои шеќери: < 0,5 g

Растителни влакна: < 0,5 g

Протеини: < 0,5 g

Сол: 0,1 g

Органски растителен пијалак од кокос без шеќер – 1 л.
160,00 ден