bg_image

ACTIVES / ТЕСТЕР ПИЛИНГ-СЕРУМ СО МЛЕЧНА КИСЕЛИНА + (LHA) – 5 МЛ.

25,00 ден

ЕКСФОЛИЈАЦИЈА • РЕГЕНЕРАЦИЈА
МЛЕЧНА КИСЕЛИНА • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА • ЕКСТРАКТ ОД КРАСТАВИЦА

Out of stock

Баркод: N/A Шифра: 000865 Категории: 1

Како да се користи

Биокозметички ефект: Ексфолирачкиот ефект на лактичната (млечна) киселина се објаснува со неговата способност да ја ослабне адхезијата (кохезијата) на корнеоцитите во стратус корниумот, што ја олеснува пенетрацијата на другите биолошки активни супстанци кои ги има во лекот. Ефектот на навлажнување се должи на забрзаното епидермално обновување.

Хиалуронската киселина е природен полисахарид кој што задржува вода. Потребна е за да се одржи нормален воден баланс во човечката кожа.

Екстракт од краставица –  природен антибиотик, содржи влакна, рибофлавин, каротин, има ефект на чистење и белeење, ги стабилизира оштетените клетки, ја релаксира и ја измазнува кожата.

Како козметичка компонента, млечната киселина има ексфолирачки, навлажнувачки, антивоспалително и антиоксидантно дејство. Исто така, ја стимулира колагенската синтеза. Под влијание на млечна киселина, епидермисот станува потенок, а дермисот се задебелува. Стратум корниумот станува поцврст и еластичен, а малите брчки на кожата се измазнуваат.

 

Индикации (наменето за): Груба, проблематична кожа, запушени пори, кожа во стареење.

Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на компонентите на производот.

Пропратни ефекти: Кај хиперсензитивна кожа, можна е појава на црвенило, лупење и други реакции. Во случај на нелагодност за време, или по употребата на производот, препорачливо е да се запре со употребата.

 

23,8 % состојки од органско потекло

99,5 % состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

 

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Користете го како независен производ: Нанесете на претходно исчистено лице, главно на проблематичните предели (воспаление, брчки, дамки на стареење, пост-акни).

Неопходно е да се набљудува препорачаното време за нанесување: 10 минути за чувствителна кожа, 15-20 минути за нормална кожа, 25-30 минути за дебела кожа (зрела, или склона на фотостареење) и 30 минути за кожата на телото (на рацете, вратот, стриите, итн.)

Можно е да се нанесе на проблематични предели без понатамошно исплакнување, по претходно направен тест за чувствителност и недостаток на иритација и непријатност.

Ако има забележителна хиперемија, чешање или чувство на печење, веднаш исплакнете го производот, дури и ако препорачаната постапка се уште не е завршена.

Во случај на случаен контакт со очите, исплакнете веднаш со многу вода.

На крајот на одреденото време, нежно и темелно исплакнете го серумот, избришете го лицето со тоник и нанесете го финалниот производ според типот на кожата.

 

Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.

 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, LACTIC ACID, GLYCERIN, XANTHAN GUM, SODIUM HYALURONATE, BENZOIC ACID, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL, CUCUMIS SATIVUS EXTRACT, AVENA SATIVA EXTRACT, TILIA CORDATA EXTRACT.

ACTIVES / ТЕСТЕР ПИЛИНГ-СЕРУМ СО МЛЕЧНА КИСЕЛИНА + (LHA) – 5 МЛ.
25,00 ден