bg_image

ACTIVES / ТЕСТЕР СЕРУМ СО “ECTOIN” 4,0 % – 5 МЛ.

25,00 ден

ЗАШТИТА • ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
ECTOIN • МАСЛО ОД КАЈСИЈА • СОК ОД АЛОЕ ВЕРА

Out of stock

Баркод: N/A Шифра: 000873 Категории: 1

Како да се користи

Биокозметички ефект: Цикличната амино киселина –ектоин (1,4,5,6-тетрахидро-2-метил-4-пиримидин карбоксилат) е универзален биозаштитник на протеини, нуклеински киселини и цели клетки. Поради способноста да “привлече” водни молекули, ектоинот остварува силна врска со нив, формирајќи заштитен слој. Хидрослојот ги стабилизира мембраните на клетките и ги заштитува од оштетување, предизвикано од агресивните надворешни фактори.

Клинички испитувања покажале дека активна концентрација од 4% ектоин, помага да се заштитат ткивата на кожата, како и клеточните компоненти од УВ радијација. Благодарение на ревитализацијата на целосната клеточна структура на дермисот, мртвите клетки се заменуваат со нови и како резултат, се прави активна ексфолијација и обновување на кожата на лицето. Зголемената концентрација на активната компонента, се бори со мимички и брчки од стареење, траги од кожни болести, изедначува белези и го менува тенот на кожата, предизвикан од негативни надворешни влијанија.

 

Индикации (наменето за): Кожа сензитивна на надворешни влијанија, вклучувајќи и сончева светлина; склона на воспаленија, со траги од кожни болести, испакнатини, стрес и неговите влијанија, како и сува, дехидрирана и кожа во стареење.

Контраиндикации: Можна е индивидуална интолеранција на компоненти од серумот.

Пропратни ефекти: Строго се препорачува да не се користи секојдневно. Кај хиперсензитивна кожа, можна е појава привремено црвенило, или иритација.

 

###p#< состојки од органско потекло

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

 

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Овој козметички производ е наменет за употреба 1-2 пати неделно. Количината зависи од потребата. Врз серумот, по целосна апсорбција, препорачано е да се нанесе омекнувачка крема. Нанесете на одредени делови на лицето. Користете внимателно на околуочниот предел и не повеќе од еднаш неделно. Поради високата концентрација на активни компоненти на ектоин, серумот може да се користи и за да им даде биолошка регенеративна ефективност на други секојдневни агенси. Распределете до целосно впивање.

 

Да се чува на суво и темно место, на темпреатура од +5C до +25C.

 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, GLYCERIN, ECTOIN, BETAINE, XANTHAN GUM, PRUNUS ARMENIACA KERNEL OIL, BENZOIC ACID, VACCINIUM VITIS-IDAEA EXTRACT, TRIFOLIUM EXTRACT, ELEUTHEROCOCCUS SENTICOSUS EXTRACT.

ACTIVES / ТЕСТЕР СЕРУМ СО “ECTOIN” 4,0 % – 5 МЛ.
25,00 ден