Оваа необична наполитанка е одговорот на HARMONICA на прашањето кое постојано се поставува „Дали имате наполитанка без додаден шеќер?“ Па, да, конечно имаме!
Ни требаше многу време бидејќи се стремевме кон вистински вкус. Оваа наполитанка е вкусна поради квалитетните состојки и рецептот кој не содржи вештачки засладувачи. Лесен и нежен, неочекувано допадлив и за оние кои избираат да избегнуваат шеќер и за оние на кои не им пречи. Листови од брашно од едер пченица, древната и дива култура со помала содржина на глутен, исполнети со органска паста од сончогледово семе и крем од органски путер од кокос и обезмастено млеко во прав. А аплаузите одат до главниот херој овде: синиот агаве инулин. Бидејќи употребата на инулин не влијае на нивото на шеќер во крвта, наполитанката е погодна за луѓе кои избегнуваат шеќер во нивната исхрана. Како природно пробиотско влакно, инулинот ја подобрува цревната микробиота со тоа што служи како храна за добрите бактерии. Грижете се помалку и живајте повеќе!
– Органски сертифициран производ
– Без ГМО
Начин на подготовка: Посебно се печат листовите наполитанка од емер пченица додека останатите состојки се мешаат во крем и потоа се нанесува од кремот преку секој лист од наполитанка.