bg_image

Органско монои масло за тело и коса со кокос – 100 мл.

760,00 ден

ХРАНИ • РЕГЕНЕРИРА
КОКОСОВО МАСЛО • ЦВЕТ ОД ТИАРЕ • СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО

In stock

Баркод: 3760211480554 Шифра: 002774 Категории: 4 , , ,

Дел од ритуалот за убавина на предците од Полинезија, маслото Монои интензивно ја храни кожата и косата, оставајќи нежен парфимиран превез. Може да се користи во текот на целата година како регенерирачки еликсир наменет за кожа и сува коса или како масло за после сончање. Органското девствено кокосово масло и маслото Монои и даваат на кожата кадифено и меко чувство а косата ја прават сјајна и мазна. Сертифицираното органско масло Монои е наменето за сите типови на кожа.

Достапни се 2 мириси од природно потекло:

– Тиаре цвет

– Кокос

 

Сертификат: COSMOS ORGANIC сертифициран од Ecocert Greenlife според COSMOS стандардот.

 

– Има повеќекратна употреба, хранејќи го телото и косата

– Неговата текстура и дава на кожата кадифенo и меко чувство

– Природниот мирис влева пријатно чувство на благосостојба

1. Маслото Монои се втечнува на 25 степени, загревајте го неколку секунди во топла вода или неколку секунди во микробранова печка (без капаче).

2. За тело нанесете на влажна или сува кожа и масирајте со лесни кружни движења за да ја нахраните и разгалите вашата кожа.

3. За да ја нахраните и поправите оштетената косата, нанесете на сувите врвови. Може да се користи и како маска, се нанесува 10 до 15 минути (или цела ноќ) пред шампонирање.

4. Маслото Монои во никој случај не штити од UV зраци. Се користи како навлажнувач, но не штити од UVA/UVB зраци.

cocos nucifera oil*, parfum, gardenia tahitensis flower,hydrogenated coconut oil, tocopherol, helianthus annuus seed oil.

100% од вкупните состојки се од природно потекло

97% од вкупните состојки се од органско земјоделство

*состојки од органско земјоделство

**направено од органски состојки

Органско монои масло за тело и коса со кокос – 100 мл.
760,00 ден