bg_image

Шампон за обнова на оштетена коса – 250 мл.

845,00 ден

ЗАЈАКНУВАЊЕ • РЕГЕНЕРАЦИЈА
КЕРАТИН • ПЧЕНИЧЕН ПРОТЕИН • ЕКСТРАКТ ОД АКАИ БОБИНКИ

Out of stock

Баркод: 4603774307908 Шифра: 001205 Категории: 3 , ,

Биокозметички ефект: Кератинот во косата е во форма на влакна, во кортекстот – слојот на влакното, кој е одговорен за еластицитетот и цврстината. Кутикулата, која е горниот слој на влакното, е направена од слоеви на кератински скали кои со помош на липидите се држат едни со други. Функцијата на липидниот слој е да ја задржи водата во внатрешните слоеви на косата, бидејќи нејзиниот недостаток води до влошување на нејзината структура и кршливост. Како резултат на термални и екстерни влијанија, водородните кератински врски се уништуваат, структурата на липидниот слој се нарушува, кој што се измива од кортексот, подигнувајќи ги  скалите на кутикулите.
Клинички е докажано дека чистиот, ниско-молекуларен кератин хидролизат, поради неговата молекуларна тежина е способен да пенетрира и остане во косата, дури и со краткотраен контакт. Обновува скршени/распадната водородни врски, пенетрирајќи во кутикулите и исполнувајќи ги празнините на структурата во нејзините оштетени регии. Скалеститот слој е израмнет, сржта на влакното се набива, косата станува поеластична, мазна и сјајна.
Протеинскиот амино-киселински комплекс ја штити косата од штетата предизвикана од надворешните влијанија, или секојдневното стилизирање. Комплексот ја регенерира косата, создава заштитен слој кој спречува загуба на влажност и акумулација на вишок електрицитет. Додатна регенерација и ефект на омекнување е овозможен и од растителните емолиенти во композицијата, а бетаинот го омекнува и хидрира и скалпот.

Индикации (наменето за): За коса на која и е потребна структурална обнова, набивање и одржување на сјајот и еластицитетот. Коса често изложена на високи температури за време на стилизирање.

Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на состојки од производот.

Пропратни ефекти: Не се идентификувани.

Нанесете го прозиводот на влажен скалп и подеднакво долж целата коса, масирајте до појава на пена, обрнувајќи особено внимание на врвовите. Исплакнете со многу вода. Погоден за секојдневна употреба. Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.

Aqua, aloe barbadensis leaf juice*, disodium cocoyl glutamate (and) sodium cocoyl glutamate, cocamidopropyl betaine, coco-glucoside, glycerin, xanthan gum, lactic acid, pentylene glycol, isoamyl laurate (and) isoamyl cococoholate, sea , hydrolyzed wheat protein, hydrolyzed soy protein, hydrolyzed keratin, betaine, benzyl alcohol, citric acid, euterpe oleracea fruit oil*, sodium benzoate, potassium sorbate, salvia sclarea oil, eucalyptol.

Шампон за обнова на оштетена коса – 250 мл.
845,00 ден