Природна сертифицирана СПФ50 (висока заштита) минерална крема за заштита од сонце. Малиот, лесен за употреба стик за заштита од сонце, го собира и во џебот од вашата ташна, за да ве прати во сите ваши спортски, или урбани активности. Обезбедува природна, широкоспектарна заштита против негативните дејства на УВА/УВБ зраците. Погоден за сите типови на кожа.
Анатомската форма обезбедува лесно нанесување на лицето, деколтето и рацете, додека нијансираната текстура изгледа невидливо на кожата. Церамидите и маслата од црниот ким и волчјиот трн додаваат дополнителни антиоксидантни и рехидрирачки својства.
ПРИРОДНА ЗАШТИТА ОД УВА/УВБ
Додека негативните ефекти од изложеноста на УВБ се појавуваат веднаш како тен или изгореници од сонце, влијанието на УВА зраците првично не е видливо, но се покажува по повеќегодишно невнимателно изложување.
За да ве заштитиме дури и од најсилното сонце, ние користиме цинк оксид – чист минерален филтер кој обезбедува природна широкоспектарна заштита од УВА/УВБ зраци.
За разлика од ризичните хемиски УВ апсорбери како oксибензон и oктиноксат (состојки кои можат да ги оштетат гребените и морскиот живот), цинк оксидот е подеднакво нежен за вашата кожа и природата.
ЗАШТИТУВА И ВО ДВИЖЕЊЕ
Обезбедувајќи силна доза на СПФ50, овој иновативен стик со пакување погодно и за патување, обезбедува лесно нанесување кое ќе ве штити и во движење.
Придружник на кој може да му се верува за време на сите ваши активности надвор, исто така совршен и за пределите на лицето, ушите и вратот кои лесно ги пропуштаме.
ЛЕСНО, ТЕМЕЛНО НАНЕСУВАЊЕ
Беспрекорно се лизга на вашата кожа за да обезбеди правилно и темелно нанесување, дури и во тешко достапните предели.
Нежно нијансираната, мазна текстура остава чист финиш, па не треба да се грижите за бели остатоци.
Користете SPF50 кога:
– поминувате значително многу време надвор
– вашата кожа е особено осетлива на изложеност на сонце
– учествувате во активности на голема надморска височина како скијање или искачување (колку е поголема надморската височина, толку се посилни УВ зраците).
ГЛАВНИ ИЗВАДОЦИ ОД ФОРМУЛАТА:
ЦЕРАМИДИ
Ја збогатуваат хидратацијата и ја зајакнуваат бариерата на кожата, заштитувајќи ја од надворешни стрес фактори.
МАСЛО ОД ЦРН КИМ
Богато со витамини А, Б и Ц, помага да се смири иритираната кожа и намалува хиперпигментации.
МАСЛО ОД ВОЛЧЈИ ТРН
Поттикнува регенерација на кожата, ја зајакнува природната заштита и помага да се спречи оштетување од сонцето.
ЦИНК ОКСИД
Природен минерален филтер кој обезбедува највисоки нивоа на блокирање на УВА/УБВ, дејствува како физички штит.