Овој природен гел за чистење на лицето, на база на зелен чај и органско алое вера, нежно ја отстранува шминката и ја чисти кожата, елиминирајќи ги нечистотиите и вишокот на себум. Ботаничката формула ја храни кожата со антиоксиданси. Ресвератролот во комбинација со витамините Ц и Е ја подобрува бариерната функција на епидермисот, го блокира дејството на ензимите кои го уништуваат колагенот и хијалуронската киселина, спречува губење на еластичноста, ја враќа јасноста на контурите на лицето и го подобрува тонот и еластичноста на кожата.
Чајно дрво
Листовите од чајно дрво имаат високо антисептично, антибактериско и антигабично дејство. Ја подобрува регенерацијата на кожата.
Хамамелис
Хамамелисот ја подобрува микроциркулацијата на крвта во капиларите. Има антибактериско дејство, го намалува воспалението. Ја регулира работата на лојните жлезди, ги затегнува порите. Заштитува од штетните ефекти на сончевите зраци, подобрувајќи го тенот.
ПРОИЗВОДИТЕЛ/ИЗВОЗНИК: LLC LEVRANA, SABIROVSKAYA 37, САНКТ ПЕТЕРБУРГ, РУСИЈА
ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК: КС ГРОУП ДОО, УЛ. НАРОДЕН ФРОНТ БР. 3/3, ЛОК.2, 1000 СКОПЈЕ