bg_image

Органска чоколадна наполитанка – 40 гр.

65,00 ден

Out of stock

Баркод: 3800218254588 Шифра: 003729 Категории: 2 , Бренд:

Нашата класична чоколадна наполитанка е таа што ќе ве однесе во земјата на чудата. Чоколадната обвивка на оваа наша наполитанка е чиста магија. Ja нарековме класична затоа што е извонреден пример за тоа како нешто едноставно може да биде толку вкусно. Прекрасната тројна паста составена од емер пченица-кокос-сончоглед ги здружува силите со млечното чоколадо, а исходот е феноменален. Толку едноставно а толку добро

– Органски сертифициран производ
– Без ГМО

Начин на подготовка: Ги печеме листовите наполитанка составени од брашно од емер пченица и го мешаме кремот со останатите состојки. Потоа нанесуваме од вкусниот крем на листовите наполитанка, потоа друг лист – повторно крем. Кога е готова, преливаме со млечно чоколадо за додатен гламур и ги оставаме да се изладат.

Како да се користи

Иновативен рецепт што го развивме и вие ни покажувате колку многу ви се допаѓа!

Решивме да ги направиме корите од органско интегрално брашно од емер пченица – античко зрно со повеќе 5000 години историја во нашата земја. Она што нè импресионира, исто така, е тоа што зрното има природно низок степен на глутен, што го прави полесно да се вари и апсорбира.

За прекрасниот крем избравме органски шеќер од трска, органски путер од кокос, органска паста од сончогледово семе, органско обезмастено млеко во прав и органско какао во прав со малку маснотии.

За чоколадната обвивка измешавме органска какао маса, органски шеќер од трска, органски путер од какао, органско обезмастено млеко во прав и органски инулин од агаве.

Како антиоксиданс користиме органски екстракт од рузмарин.

Хранливи вредности на 100 g
Енергија: 2314 kJ/554 kcal
Масти: 33,71 g
од кои заситени: 16 g
Јаглехидрати: 54 g
од кои шеќери: 35,37 g
Протеини: 8 g
Сол: 0,18 g

Органска чоколадна наполитанка – 40 гр.
65,00 ден