Еве ја – сината гранола од хељда. Сина е поради боровинките, а вкусна поради ванилата, чипсот од кокос, семките од сончоглед и урмите. Треба да знаете дека е веганска, не содржи глутен и шеќер, сушена (не печена) и со активирани семиња за полесно да се вари. И секако се во неа е од органско земјоделство. Погодна е за појадок со млеко, попладне, за ужина и десерт.
– Органски сертифициран производ
– Не содржи глутен
– Не содржи ГМО
– Погоднa за вегани
Оваа гранола во Harmonica ја произведуваат со активирање на никнување на семето – за да можете сами да го искористите богатството од придобивки и хранливи материи. Потоа, следи процес на бавно и нежно сушење. За разлика од печењето, сушењето на гранолата значи дека состојките остануваат сирови и ги зачувуваат нивните хранливи својства. Семките од сончоглед и хељда се активираат, а потоа се сушат на ниска температура речиси 24 часа. Потоа се мешаат со останатите состојки и содржината се пакува.
органска хељда, органски боровинки, органски семки од сончоглед, органски урми, органски чипс од кокос, органски нектар од цвет од кокос, органски путер од какао, органска ванила.
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 1852,7 kJ/444,2 kcal
Масти: 26,4 g
од кои заситени: 11 g
Јаглехидрати: 38,7 g
од кои шеќери: 14,5 g
Растителни влакна: 4,3 g
Протеини: 10,8 g
Сол: 0,02 g
Only logged in customers who have purchased this product may leave a review.
Reviews
There are no reviews yet.