fbpx
bg_image

Органско растително млеко од кокос со 6% масленост – 400 гр.

145,00 ден

Only 2 left in stock

Баркод: 3800233680287 Шифра: 003753 Категории: 2 ,

На вкусните вегански јадења им е потребно кокосово млеко. Од правењето шлаг или пак како додаток во вашето секојдневно смути, се до традиционалната азиска кујна – јадења со кари или супи, кокосовото млеко е главна состојка и е неизоставен дел од овие специјалитети, посебно оние од ориенталната кујна. Кокосовото млеко се добива со цедење на мелената пулпа од кокос. Производот има карактеристичен сладок вкус и млечно бела боја. Познат е како одлична замена за млечни производи, не содржи водородни масти, вештачки ароми и конзерванси. Кокосовото млеко се произведува во сертифицирани органски фарми во Шри Ланка.

– Органски производ
– Не содржи лактоза

Кокосовото млеко може да биде дел од различни оброци, но најчесто се користи во десерти и специјалитети од источната кујна. Изматенo во густа павлака, кокосовото млеко станува составен дел од секое слатко искушение. Тоа е традиционална основа на азиските супи и претставува совршен додаток на јадењата со кари. Ова растително млеко е исто така омилена состојка и во разните шејкови и смути за сите оние кои избегнуваат млечни производи.

Наш предлог: Како да направите сладолед од кокос? Во кокосовото млеко додадете ванила и мед или јаворов сируп. Сето тоа измешајте го и смесата оставете ја во замрзнувач еден час. Извадете ја смесата, повторно промешајте ја со вилушка и вратете ја во замрзнувач уште еден час. Повторете неколку пати додека смесата целосно не се замрзне.

Kокосово млеко* (18%), вода (82%), емулгатор: гуар гума*.

*од органско земјоделство

Складирање: Да се ​​чува на ладно и суво место на собна температура. Откако ќе се отвори, се чува во фрижидер и се користи во рок од 3 дена.

Хранлива вредност на 100 g:
Енергија: 255 kJ/62 kcal
Масти: 6 g
од кои заситени: 5,4 g
Јаглехидрати: 1,3 g
од кои шеќери: 0,5 g
Растителни влакна: 0,5 g
Протеини: 0,4 g
Сол: 0,02 g

Органско растително млеко од кокос со 6% масленост – 400 гр.
145,00 ден