Тулси Релаксација
Tulsi Relax е вистинско богатство. Оваа посебна композиција ја комбинира скапоцената Тулси, позната како ”свет босилок” или како ”кралица на билките” со овошни ноти од портокал и сладунец. Резултатот е вкусна мешавина за чај за свети моменти на релаксација.
Активни состојки:
ТУЛСИ
Тулси, исто познатa како Индиски или како ”свет” босилок e особено ароматичен вид на босилок од семејството на лабијати. Потеклото на Тулси се протега од тропска и суптропска Азија до северна Австралија. Во Ayurveda, Тулси е познатa како ”кралица на билките” и се смета за ”еликсир на животот” поради бројните позитивни својства. Карактеристична е по вкус кој потсетува на каранфилче и пимент.
СЛАДУНЕЦ
Сладунецот е познат уште од античките времиња. Неговата моќ за засладување е 50 пати поголема од таа на шеќерот. Има благо сладок и горчливо киселкаст вкус.
КОРА ОД ПОРТОКАЛ
Портокалот е најчесто одгледуваното цитрусно овошје во светот. Оригинално доаѓа од Азија, а, на Европа и бил претставен во 15 век. Неговата кора содржи бројни есенцијални масла, а, вкусот е сличен на овошната пулпа од самото овошје, но не е толку слатка и е малку погорчлива.