Овој сертифициран органски шампон е наменет да ја нахрани Вашата коса со корисни нутриенти и да го регенерира влакното по целата должина. Освен органското масло од шеа путер и индискиот сапунски орев, овој шампон содржи и други состојки корисни за грижата на косата како: масло од јојоба, масло од какао, цимет и коњска детелина. Без проблем отстранува од косата нечистотии, вишок на себум и остатоци од лакови или восоци за коса, без притоа да го дехидрира скалпот. Шеа путерот, кој е богат со триглицериди, помага во задржувањето на влажноста на влакното, го храни одвнатре, правејќи го поеластично, а со тоа спречува и расцветување на влакното. Маслата од какао и јојоба го зајакнуваат влакното и го намалуваат падот на косата. Циметот и екстрактот од коњска детелина (бела комунига), го смируваат иритираниот скалп и ги отстрануваат бактериите и габите, кои се предизвикувачи на првут.
РЕЗУЛТАТ: 84% регенерирана коса (базирано на истражување и оценка на 30 жени, каде 84% го имаат потврдено резултатот).