Внесете го кодот Akcija30 во вашата кошничка и добијте 30% попуст на селектираните производи од категоријата Акција! ❤️

Капиштец: 078 885 333 | Тел: 077 703 888

Внесете го кодот Akcija30 во вашата кошничка и добијте 30% попуст на селектираните производи од категоријата Акција! ❤️

bg_image

Замена и враќање на производ

Доколку при онлајн пазарање, односно примо-предавање на вашата нарачка забележите дека некој од производите или целата нарачка е погрешна или оштетена треба веднаш да не контактирате преку некој од наведените контакт канали. Рекламациите се прифаќаат само доколку грешката/штетата се пријават веднаш. Во вакви случаеви Bellina ќе ви испрати замена за истиот производ/истите производи или ќе ви понуди соодветна замена за истиот износ. Овие замени ќе бидат покриени од страна на КС ГРОУП.

За било кои замени кои ќе се прават поради пропуст на самиот клиент (нарачан регенератор наместо шампон) трошокот ќе го сноси самиот клиент.

Замена и враќање на производ не е возможна поради недопаѓање на производот (мирис, текстура, изглед и сл), односно доколку производот сте го отвориле/пробале и истиот не ви се допаѓа.

Производите купени на физичка локација задолжително треба да се проверат пред напуштање на продавницата, бидејќи рекламации по напуштање од продавницата нема да бидат прифатени.

Рефундација

Рефундација за производите при онлајн нарачка од било која договорена причина помеѓу Bellina и потрошувачите може да се изведе на два начини:

  1. Доколку нарачката била платена во готово (при примо-предавање на нарачката), во тој случај Bellina ќе организира лице кое рефундацијата ќе ја направи на истата локација на која била и доставена првичната пратка. Доколку станува збор за враќање на производ и рефундација за истиот, клиентот е задолжен производот да го врати при вршење на рефундација во истата амбалажа во која го добил производот.
  2. Доколку нарачакта била платена со платежна картичка рефундацијата ќе се направи онлајн директно преку системот за наплата на ХалкБанка. Доколку станува збор за враќање на производ и рефундација за истиот, клиентот е задолжен производот да го врати при вршење на рефундација во истата амбалажа во која го добил производот, а рефундацијата ќе се направи откако лицето ќе потврди дека го презел производот.

На физичка локација рефундацијата најчесто се врши во готово, или во ретки случаеви директно преку терминалот за наплата. Ова е возможно само доколку помеѓу првичната наплата на клиентот и неговото враќање во дуќан за сторнирање и рефундација на наплатата немало друга наплата.

Овие информации можете да ги прочитате и во Услови за користење.

Доколку одлучите да пазарите од нашиот веб сајт или на нашите физички локации, вие потврдувате дека сте ги прочитале Условите за користење и со истите се согласувате и со тоа секое барање спротивно на нашите пропишани правила за Услови за користење, Враќање, замена и рефундација на производи нема да биде земено во предвид.