Во Bellina постојано се трудиме да им овозможиме на нашите потрошувачи што поголема удобност, флексибилност и достапност при купувањето. Свесни сме дека секој има различни потреби и динамично секојдневие, па токму затоа ја воведовме можноста за самостојно превземање на пратки, без дополнителни трошоци за достава и со брза подготовка за помалку од 24 часа. Константното бркање со доставувачите низ градот знае да биде иритантно па затоа ова е совршена опција за сите кои сакаат да го избегнат тоа. Едноставно и практично, без чекање, кога вам ви одговара тогаш ја превземате пратката, во работното време на самиот pickup локал.
Нашата цел е целиот асортиман на Bellina да биде лесно достапен за клиентите, без да бидете ограничени или обврзани да плаќате достава. За поголема практичност, овозможивме локација за подигнување на пратки
- El Cabron Coffee & Wine Bar – Франклин Рузвелт 63A, Скопје
Како функционира?
При самото завршување на нарачката, во делот „Наплата“ имате можност да ја изберете локацијата од која сакате да ја подигнете вашата пратка. Откако ќе ја одберете посакуваната pickup локација, системот автоматски ќе ја прикаже и „замрзне“ адресата на избраната локација за подигнување.
Важно е да знаете дека при избор на оваа опција, плаќањето се врши исклучиво онлајн со картичка преку нашиот сајт. Во спротивно нема да бидеме во можност да ја испорачаме пратката.
Кога ќе биде подготвена пратката?
Сите нарачки направени до 14:00 часот во тековниот ден, се доставуваат до избраната pickup локација по 09:00 часот наредниот ден и се подготвени за подигнување. Ова појаснување се однесува за работни денови.
Сите нарачки направени во петок по 14:00 часот се доставуваат во понеделник по 17:00 часот.
Во моментот, нема автоматско e-mail известување кога пратката е пристигната на локацијата. Доколку не сте сигурни дали е подготвена за превземање, слободно можете да не контактирате телефонски, а нашиот тим со задоволство ќе ви даде подетални информации.
Што е потребно за превземање?
При подигнување на пратката, единствено што ви е потребно е:
- бројот на нарачката, или
- името на кое е направена нарачката.
Со оваа услуга сакаме да ви овозможиме побрзо, полесно и поекономично искуство при купување, а истовремено да ви дадеме поголема слобода во изборот на начинот на превземање на вашите омилени производи.




