bg_image

Што е целијакија?
Целијакија е автоимуно заболување кое што се карактеризира со нетолерантност на глутен. Глутенот е протеин што се наоѓа во пченица, ‘рж, јачмен и други житарици. Кај лицата со целијакија може да дојде до неухранетост поради нецелосното апсорбирање на нутриентите.

Кои се знаците и симптомите на целијакија
Целијакијата може да предизвика разни симптоми.
Новороденчињата може да не пораснат во должина или пак да добијат на тежина како што се очекува, состојба наречена неуспех во напредување. Поголеми деца може да имаат:

– Дијареа
– Запек 
– Бледа столица
– Болки и подуеност во мешето
– Слабеење
– Умор
– Главоболки
– Болни осипи на кожата (најчесто кај тинејџери и возрасни), особено околу лактите и колената
Но, некои луѓе воопшто немаат симптоми.
Симптомите може да се јават во било кој дел од детскиот живот. Некои деца имаат проблем уште при првото внесување на глутен, додека пак кај некои симптомите се јавуваат години после безбедно консумирање на производи кои содржат глутен.

Што предизвикува целијакија?
Причината за појава на целијакија е непозната. Таа може да е наследна, може да се јави паралелно со други нарушувања како Даунов синдром, Вилијамсов синдром, тип 1 дијабетес и автоимуни нарушувања на тироидата.

Како се третира целијакија?
Ако вашето дете има целијакија, докторот ќе ве советува која храна вашето дете треба да ја јаде, а која да ја избегнува. Исхраната на вашето дете не треба да содржи пченица, ‘рж, јачмен и други жита.

Пронајдете безбедни опции

1. Започнете со храна што вашете дете може да ја јаде. Безбедна храна е онаа која содржи брашно од пченка, ориз, хељда, наут (леблебија), киноа, тапиока и компир. Во ред е и чистото месо како риба, пилешко, мешнуки, јатки, семиња, масла, млеко, јајца, овошје и зеленчук.
2. Внимавајте на крос-контаминација. Некогаш, безглутенската храна може да дојде во допир со храна која содржи глутен (наречено крос-контаминација). Поради тоа, најдобро е да се користат посебни производи за оние кои имаат целијакија.
3. Чисти апарати, прибор и работни површини. Пред да подготвувате храна, важно е се што ќе употребите да е чисто, особено доколку претходно била подготвувана храна која содржи глутен. Добро измијте ги вашите раце пред да започнете со подготовка.
4. Во маркет. Gluten-free сертификатот ќе ви биде најдобриот водич кога пазарите. Особено голем избор ќе најдете во продавници за здрава и органска храна. Bellina.mk ви нуди голем број на беглутенски производи, како од брендот Babybio кој е наменет за бебиња и деца, така и од други брендови кои имаат секојдневни безглутенски производи погодни за возрасни, но и деца по одредена возраст. Ви претставуваме дел од безглутенските производи на Babybio:

Дневни оброци:

Ноќни оброци:

Целиот асортиман на безглутенска храна можете да ја погледнете на следниов линк:

Дополнително, ви ја претставуваме KIND бебешката линија од Madara која е исто така безглутенска:

Зошто да користите козметика без глутен?
1. Избегнување на ингестија на глутен

Иако глутенот во козметиката не е наменет за ингестија, постои ризик од случајна ингестија, особено од производи кои што доаѓаат во допир со устата, лицето и рацете.
2. Осетливост на кожата
Глутенот, како молекула е премногу голема за да се апсорбира преку кожата, но сепак, некои лица со целијакија, интолеранција или алергија на глутен добиваат реакција (иритација, црвенила) на кожата од козметички производи што содржат глутен.
3. Ризик од крос-контаминација
Многу лесно може да настане крос-контаминација од козметички производи со глутен кои што се нанесени на лицето или телото, а потоа ненамерно, со рацете се пренесат на устата, на прибор за јадење, или на одредени предмети низ домот и сл.

Објави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена.