fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Laboratoires de Biarritz- ALGA NATIS / OLEOCALCAREOUS ЛОСИОН ЗА ПЕЛЕНСКА РЕГИЈА е еден од најдобрите продукти за нега на нежната бебешка, па и детска кожа. Тој претставува одлична алтернатива за добро познатата Павловиќева маст, која во одредени држави на Европската унија, како Хрватска е забранета за примена и тоа целата иницијатива е покрената од родители со несакани ефекти од истата.

Laboratories de Biarritz, во својата колекција продукти наменети за нега на бебешка кожа, го вклучува овој лосион со погуста конзистенција кој ја чисти кожата на бебето, притоа ја храни и создава заштитен слој кој ја изолира кожата од надворешни надразнувачи (урина, столица, триење на пелената). Преку создавање на заштитен слој над кожата, овој лосион ќе делува со:

• спречување на појава на пеленски осип

• третирање на веќе формиран осип, како во регија на пелена така и низ целото тело и лице

Главна активна компонентна на овој лосион е патентирана состојка, Alga-Paisium, активна состојка која ја смирува кревката кожа и штити од иритации уште од раѓање, со алкално рН кое ја неутрализира киселоста на урината за да ја врати pH вредноста блиска до онаа на кожата. Маслиновото масло, комбинирано со витамин Е и глицерин, како и сончогледово масло и пчелин восок го прават овој лосион совршен избор за секојдневна примена на секој дел од телото, како за нега и хидратација, така и за чистење при менување на пелена.

ALGA NATIS / ХРАНЛИВ ПРОЧИСТУВАЧКИ ГЕЛ ЗА БЕБИЊА

Гел за секојдневно туширање за бебиња и дечиња, кој може да се употребува и за чистење на тело, како и за коса. Неговата цел, односно целта на составот на овој гел за туширање е да се зачува природната масна површина на кожата на бебето, која што всушност го штити од надворешни негативни влијанија. Во составот на овој продукт има комбинација од вода и глицерин, што секогаш е одлична комбинација за длабинска хидратација на кожата. Овој продукт освен за бебиња ќе биде одличен избор и за деца, но и за возрасни со чувствителна кожа, склона кон иритации и црвенила, како и за кожа со егзема и дерматит.

ALGA NATIS / ХИДРАТАНТНА КРЕМА ЗА БЕБИЊА

Оваа хидратантна крема е наменета за нега на бебешката кожа и на лице и на тело. Таа во својот состав содржи комплекс од неколку масла застапени во ниски концентрации кои ќе ја одржуваат кожната бариера доволно здрава и јака. На тој начин, кожата на бебето ќе биде доволно моќна сама (со помош на оваа крема) да се бори против надворешните влијанија. Како масла застапени во оваа крема ги имаме кокосовото, рицинусовото и сончогледовото масло заедно со масло од јојоба, витамин Е и глицерин. Овој комплекс ќе ја хидрира и штити кожата на бебето во рок од 24 часа, значи апликацијата еднаш на ден е сосема доволна.

ALGA NATIS / КРЕМА ЗА ПЕЛЕНСКА РЕГИЈА СО ЦИНК ОКСИД

Доколку вашето бебе има пеленски осип тогаш мојата препорака е да ја применувате оваа крема со цинк оксид, за да третира и спречи веќе настанат проблем. Придобивки:

• Ја ублажува непријатноста од осип предизвикан од пелена, уште од првата употреба

• Кремаста формула која совршено упива и лесно се измива

• Помага во намалување на црвенилото и иритацијата на чувствителната бебешка кожа

• Формира заштитна бариера на кожата

• Обезбедува навлажнување и омекнување на кожата

Освен за пеленски осип, оваа крема ќе биде добар избор и за:

• смирување на црвенило при егзема

• намалување на иритации на кожа

• смирува воспаление на кожа

Оваа крема конкретно, делува преку формирање на слој над кожата кој брзо и ефикасно ќе третира секаков тип на воспаленија и цевенило, особено тие предизвикани од пеленски осип.

Објави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена.

Изберете ги полињата што ќе се прикажат. Другите ќе бидат скриени. Повлечете и спуштете за да го преуредите редот.
  • Слика
  • Баркод
  • Рејтинг
  • Цена
  • Залиха
  • Достапност
  • Во кошничка
  • Опис
  • Содржина
  • Тежина
  • Димензии
  • Дополнителни информации
Кликнете надвор за да ја сокриете листата за споредба
Спореди