fbpx
bg_image

Органски таан од интегрален сусам – 500 гр.

540,00 ден

Only 1 left in stock

Баркод: N/A Шифра: 004860 Категории: 2 ,

Органскиот таан од интегрален сусам од Bett’r е направен исклучиво од совршено печено семе од сусам. Со супер фина и кремаста текстура како и без додадени масти, овој таан е идеален за подготовка на салати, десерти и смути.

Таанот од сусам може да се комбинира и со солена и со слатка храна. Некои од најчестите солени комбинации содржат лимон, нане и наут. Слатките комбинации се со мед, какао, урми и слично. Разновидните употреби и нутритивниот состав се причините поради кои таанот станува се пораспространет и посакуван за конзумирање.

Меленото семе од сусам има многу придобивки за човечкото тело. Некои од најпознатите придобивки се поврзани со метаболизмот, како намалување на холестерол, високо ниво на калциум и цинк, поддршка во борбата против артритис, висок крвен притисок, мигрена и астма. Друг интересен факт за таан-от од сусам е дека една лажица таан содржи речиси иста количина на железо колку и 100 gr. црвено месо. Ова го прави одличен извор на железо во исхраната кај вегетаријанци, вегани и лица со анемија.

Таанот никогаш не бил толку фино мелен! Пробајте го затоа што се состои од:

– 100% природни и органски состојки

– Супер мазна и кремаста структура благодарение на новата технологија за фино мелење на јаткасти плодови

– Богат извор на протеини

– Компатибилен со кето диета

органски печен интегрален сусам (100%).

може да содржи траги од сусам и јаткасти плодови.

 

хранливи вредности на 100 g:

енергија: 2581 kj/625 kcal

маснотии: 55 g

од кои заситени: 8,9 g

јаглехидрати: 2 g

од кои шеќери: 1 g

растителни влакна: 12 g

протеини: 25 g

сол: < 0,01 g

Reviews

There are no reviews yet.

Only logged in customers who have purchased this product may leave a review.

Органски таан од интегрален сусам – 500 гр.
540,00 ден