Тел: 078 885 333

Органски леб од изртена пченица со бадем и овошје – 400 гр.

510,00 ден

На залиха

Баркод: 8713576200034 Шифра: 005791 Категории: , , , Бренд:

Органскиот леб од пченица со бадеми и овошје од Terrasana е густ и заситувачки леб направен од пченица, суво грозје, бадеми и урми. Зрната пченица се оставаат да изртат 2–3 дена, потоа се мелат и се печат на ниска температура од 110–130°C, без употреба на квасец или кисело тесто.

Благодарение на едноставниот состав и процесот на ртење, лебот има компактна и густа текстура и природно сладок вкус од сувото грозје и урмите, со пријатна јаткаста нота од бадемите. Тој е вегански, без квасец и глутен, без додаден шеќер и без додадена сол.

Највкусен е кога кратко ќе се потпечe во тостер. Одлично се комбинира со таан, путер од јатки или путер од кикирики со јаворов сируп, но може да се послужи и со омилените намази или свежо овошје.

По отворањето, чувајте го добро затворен во фрижидер и употребете го во рок од најмногу 3 дена.

СОСТОЈКИ:

Изртена пченица* 86%, суво грозје* 7%, бадеми* 4%, урми* 3%.

* = Органско

 

НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ (100 g)

Енергија: 1198 kJ / 284 kcal

Масти: 2,8 g

од кои заситени: 0,7 g

Јаглехидрати: 50,1 g

од кои шеќери: 20,1 g

Диетални влакна: 8,2 g

Протеини: 10,4 g

Сол: 0 g

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.

Органски леб од изртена пченица со бадем и овошје – 400 гр.
510,00 ден