Puori M3 е комплекс од органски форми на магнезиум, збогатен со цинк и витамин Б6. Органските форми се избрани затоа што организмот ги искористува подобро од магнезиум оксидот, кој го има во многу евтини додатоци.
Магнезиумот учествува во повеќе од 300 ензимски процеси во телото. Овој производ е за луѓе со активен начин на живот, за време на опоравување по тренинг и за секој што сака да внесува доволно магнезиум секој ден.
- Магнезиумот придонесува за нормална функција на мускулите и нервниот систем
- Магнезиумот и витаминот Б6 придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста
- Магнезиумот и цинкот придонесуваат за одржување на нормални коски
- Цинкот придонесува за одржување на нормално ниво на тестостерон во крвта
Производот е без вештачки бои и ароми и е погоден за вегани. Секоја серија е независно тестирана за тешки метали и загадувачи, а резултатите се јавно достапни преку QR-кодот на пакувањето
За возрасни и деца над 11 години: 3 капсули дневно, по можност навечер, околу 30 минути пред спиење или по физичка активност. Ако имате чувствителен стомак, земајте го со оброк.
Чувајте на суво место на собна температура, заштитено од директна сончева светлина.
Пакување од 120 капсули = 40 дневни порции, а од 180 капсули = 60 дневни порции.
Напомена: Додаток на исхрана. Не е замена за разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза. Чувајте надвор од дофат на деца. Бремени жени, доилки и лица што земаат лекови треба да се консултираат со лекар пред употреба.
Минерали (магнезиум тауринат, магнезиум глуконат, цинк пиколинат), полнила (инулин, магнезиум стеарат), обвивка на капсулата (хидроксипропил метилцелулоза), јаболкова киселина, витамин Б6 (пиридоксал-5′-фосфат).
Во 3 капсули: магнезиум 300 mg, цинк 10 mg, витамин Б6 1,4 mg.
Алергени: не содржи главни алергени.
Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.