fbpx
bg_image

Гел за лице за хидратација на сува и иритирана кожа од роза – 75 мл.

2.270,00 ден

ХИДРАТАЦИЈА • СМИРУВАЊЕ
СОК ОД АЛОЕ ВЕРА • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА • ВОДА ОД РОЗА

Only 2 left in stock

Баркод: 4752223007132 Шифра: 001032 Категории: 3 , ,

Збогатен со органска вода од роза, овој лесен навлажнувач без масла хидрира и смирува сува, дехидрирана и проблематична кожа.

Органската сертифицирана формула со хиалуронска киселина, навлажнувачите идентични на кожата и био – ферментираните шеќери инстантно ја гасат жедта на кожата. Пробиотскиот лактобацилус лизат дејствува во ребаланс на микробиомите на кожата и ја зајакнува заштитната бариера, помагајќи да се подобри состојбата на кожата под стрес. Обезбедува трајна хидратација, удобност и сјај.

Уметноста на балансот

БАЛАНС НА МИКРОБИОМИ
Балансиран микробиом е еден од клучните елементи за здрава и прекрасна кожа. Формулиран со пробиотик лактобацилус лизат кој го балансира микробиомот, ова желе ја зајакнува заштитната бариера на кожата и помага во подобрување на состојбата на кожата под стрес.

ХИДРИРА. БАЛАНСИРА. СМИРУВА.

  • Проблематична кожа?
  • Сува и дехидрирана кожа?
  • Нафрлувања?

 

ХРАНИ ЖЕДНА КОЖА
Дехидрација на кожата е состојба која се јавува без разлика на возраста, или типот на кожата и може да биде предизвикана од многу различни фактори. Дехидрираната и проблематична кожа, бара посебна и нежна грижа за да може да биде интензивно хидрирана и смирена, без да се предизвикаат дополнителни проблеми.

СМИРУВАЧКА ЖЕЛЕ ТЕКСТУРА
Оваа лесна текстура лесно се втопува во кожата, ја смирува и и помага да се ослободи од неудобност. Оваа формула без масло е особено погодна за кожа склона на проблеми со знаци на дехидратација.

ДЕРМАТОЛОШКИ ТЕСТИРАНО.

Главни извадоци од формулата
Лактобацилус лизат
Смирува, помага во ребалансирање на микробиомот на кожата и ја зајакнува нејзината заштитна бариера.

Вода од роза
Смирува, балансира и помага во враќање на благосостојбата на сувата и кожа под стрес.

Екстракт од корен од божур
Богат со антиоксиданти ја смирува, зајакнува и штити кожата.

Нанесувајте на чиста кожа секое утро и навечер. Проследете со крема за хидратација, ако е потребно.

aloe barbadensis (aloe) leaf juice, glycerin, rosa damascena (rosa) flower water, pentylene glycol, butylene glycol, sodium pca, sclerotia gum, aqua, propanediol, aroma, hydrolyzed glycosaminoglycans, betaine, paeonia lactiflora (peonia) root extract, sodium hyaluronate, sodium phytate, lactobacillus ferment lysate, rhamnose, lactic acid, glucose, glucuronic acid, potassium sorbate, sodium benzoate, linalool, limonene.

76% состојки од органско потекло
99% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife

Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

Гел за лице за хидратација на сува и иритирана кожа од роза – 75 мл.
2.270,00 ден