Нема потреба од грижи на плажата со овој сертифициран природен крем со високи перформанси. Нашите патентирани матични клетки од северна Лалеманција, озовоможуваат хипер доза на моќни антиоксиданси за да се борат против број 1 непријателот на младешката кожа – слободните радикали.
Маслото од семе од малина и витаминот Е се здружуваат за SPF – Boosting и за враќање на силата, додека свиленкастата безбојна текстура ја прават заштитата на кожата пријатно искуство. Не дозволувајте темната страна на сонцето да завладее.
Обезбедува UVA / UVB заштита од широк спектар и спречува стареење. Совршен за на плажа и за сите видови активности на отворено.
ВО ФОКУС:
ПРИРОДНА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ 365 ДЕНОВИ ВО ГОДИНАТА
Заборавете на хемиски креми за сончање или природни производи кои ја прават кожата бела и леплива. По скоро 5 години истражување, MÁDARA воведува безбедни и природни решенија за заштита од сонце, без да се загрозат свилените мазни, луксузни текстури или да создаде бел “oldschool” слој.
Додека негативните ефекти од изложеноста на UVB се појавуваат веднаш како сончаница, или изгореници од сонцето, поразителното влијание на UVA-зраците не е првично видливо, но се појавува по години на невнимателно изложување. Решението MÁDARA SPF30 комбинира заштита од широк спектар UVA/UVB со повеќе придобивки за нега на кожата – заштитена од изгореници и интензивно хидрирана, вашата кожа е помалку склона кон сушење, предвремено стареење, проблеми со пигментацијата и иритација.
СОСТОЈКИ
Со матичните клетки од северна лалеманција богата со антиоксиданси, витаминот Е и SPF Boosting маслото од семе од малина, ова природна крема за заштита од сонце базиран на цинк – оксид, комбинира природна заштита од сонце со врвни резултати во одржувања на кожата.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Што значи широк спектар на заштита?
– Производите за нега на кожа кои обезбедуваат широк спектар на заштита од сонце се способни да штитат не само од UVB (предизвикуваат сончаница и изгореници од сонце, придонесуваат за ризик од канцер), туку и од UVA (распространети и во облачни денови, генерираат сободни радикали, причинуваат длабоки брчки и стареење и придонесуваат за ризик од канцер) зраци.
Што е разликата помеѓу хемиски и природни креми за сончање?
– Ако хемиските производи за заштита од сонце пенетрираат во кожата и примаат сончеви зраци, природните креми за сончање користат филтери базирани на минерали (MADARA користи цинк – оксид кој овозможува високи нивоа на заштита од УВ поради оптималната големина на честичките) кои физички ги одбиваат штетните УВ зраци.
Зошто треба да изберам природен филтер за заштита од сонце?
– Како што студиите откриваат одреден ризик по здравјето, поврзан со хемиски филтри (акумулација во телото, можна иритација, па дури и хормонални нарушувања), филтрите базирани на минерали (познати и како физички или природни) се сметаат за побезбедни и уште поефикасни – создавајќи физичка бариера, природните креми за сончање работат од моментот на нанесување, и бидејќи нивното дејство нема никаква врска со хемиски реакции, тие делуваат се додека се наоѓаат на вашата кожа (што значи дека можеби ќе ви требаат дури и помалку нанесувања во текот на денот, во споредба со хемиските креми за сончање).
Дали треба да нанесувам крема за сончање само на лето?
– Вашата кожа е подложна на УВ зрачење 365 дена во годината. Исто така, штетните УВА зраци се распространети и во облачни денови и може да влијаат на вашата кожа преку прозорец, придонесувајќи за ризик од канцер и прерано стареење. Значи, краткиот одговор е – погрижете се да бидете заштитени од широкиот спектар на УВА/УБВ во текот на целата година.