Како да се користи
Органски чај Feel pure lemon – x17
225,00 ден
In stock
Чувствувај се чисто со Лимон
„Издигнете се над“ – веројатно сте го слушнале овој добронамерен совет претходно. Но, дали знаевте дека навистина можете да се издигнете, да лебдите, дури и над се? Затворете ги очите и дозволете си да бидете воздигнати од оваа Ayverdic мешавина за чај со овошен лимон, малку горчливо глуварче и ѓумбир, заокружен со сладунец. Отворете ги очите и задржете ја светслоста во себе.
Активни состојки:
ГЛУВАРЧЕ
Глуварчето е меѓу најпознатите и најраспространетите диви растенија. Успева речиси секаде каде што му се овозможува да никне со својот светло жолт композит во правец на небото. Неговите листови имаат исклучително ароматичен вкус. Суптилно киселкасто и малку горчливо, исклучително е погодно за салати и смути. Очигледно е соодветно и за вкусни чаеви.
КОРА ОД ЛИМОН
По потекло од Индија, кората од лимон има арома слична на нејзината киселкаста овошна пулпа. Малку горчлива и освежувачки овошна, ги збогатува Медитеранските оброци, слатките јадења или растителните мешавини за чај.
СЛАДУНЕЦ
Сладунецот е познат уште од античките времиња. Неговата моќ за засладување е 50 пати поголема од таа на шеќерот. Има благо сладок и горчливо киселкаст вкус.
НАЧИН НА УПОТРЕБА: Прелијте ја кесичката со 250 мл свежо зовриена вода. Оставете да кисне 5 – 7 или повеќе минути за посилен вкус.
СОСТОЈКИ (INCI): lemon grass*, dandelion*, cinnamon*, ginger*, liquorice*, lemon peel*, lemon balm*, peppermint*, lemon oil*.
*Сертифициран органски