Наутот е вистински ,,скапоцен камен” од Блискиот Исток. Има висока содржина на растителни влакна и протеини и е со благ и јаткаст вкус. Откако ќе се подготви ја задржува цврстата форма и е одличен додаток во салати и готвени јадења. Наш предлог за вкусен рецепт: измешајте го наутот со зачини и печете го околу 15-20 минути во тава (претходно натопен и сварен). Ќе добиете крцкави, вкусни топчиња, на кои можете да им додадете зачински билки и да уживате!
Да се чува на суво и не премногу топло место.
– Органски производ
– Вегански производ