Тел: 078 885 333

ACNE – Нова линија за нега против акни која е нежна и ефикасна за вашата кожа

Новата линија на ORGANIC SHOP која е заснована на ОРГАНСКА ГУАВА – тропска супер-состојка која ја смирува, балансира и ја негова вашата кожа. Богата со витамин Ц и антиоксиданси, органската гуава помага да се смири кожата, да се контролира вишокот себум и активно делува на флеките од акни. Наменета е за кожа склона кон акни и е создадена со комбинација на природни екстракти и активни состојки како салицилна киселина, гликолна киселина, ниацинамид и цинк PCA. Секој производ има специфична намена – од длабинско чистење до таргетирана нега – и може да се комбинира во целосна рутина за кожа која е склона кон иритации.

Кожата склона кон акни е чувствителна и комплексна состојба која бара внимателна и конзистентна нега. Таа се карактеризира со:

  • Затнати пори поради вишок себум и мртви клетки.
  • Воспаленија и црвенило најчесто предизвикани од бактерии.
  • Нерамна текстура и флеки од акни кои остануваат по воспалени акни.
  • Зголемена чувствителност на козметички производи и надворешни фактори (сонце, загадување, стрес).

Маска за лице против акни и флеки со салицилна киселина – 75 мл.

Со органска гуава, вулканска пепел и минерална глина – оваа салицилна маска длабински ги прочистува порите и го контролира вишокот себум.

Вулканската и минералната глина ја детоксифицираат кожата и ги намалуваат  флеките предизвикани од акни, и придонесуваат за почиста кожа. Глицеринот ја одржува хидратацијата, оставајќи ја кожата удобна и балансирана без прекумерно сушење.

Некомедогено. За кожа склона кон акни и масна кожа.

  • Намена: Длабинско чистење и контрола на маснотијата.
  • Состојки: Салицилна киселина, органска гуава, вулканска глина.
  • Ефект: Детоксифицира, ја намалува појавата на акни и флеки од акни.
  • Начин на користење: Нанесете рамномерен слој на чиста и сува кожа, избегнувајќи ја областа околу очите. Оставете да делува 10–15 минути, потоа исплакнете со млака вода.

Гел за чистење на лице против акни со млечна киселина и пантенол 2% –200 мл.


Со органска гуава, млечна киселина и пантенол 2% – овој длабоко прочистувачки гел нежно ексфолира и ги прочистува порите, оставајќи ја кожата свежа и балансирана.

Млечната киселина и пантенолот делуваат за отстранување на нечистотии, смирување на кожата и поддршка за чист и здрав изглед. Салицилната киселина и ниацинамидот помагаат во спречување на акни и балансирање на производството на себум.

Некомедоген. За кожа склона кон акни и масна кожа.

  • Намена: Дневно чистење на порите.
  • Состојки: Млечна киселина, пантенол, органска гуава.
  • Ефект: Нежно ексфолира, ја смирува кожата и ја остава свежа.
  • Начин на користење: Нанесете на влажна кожа и масирајте додека не се формира пена, избегнувајќи ја областа околу очите. Исплакнете со млака вода.

Тоник за лице против акни со салицилна киселина и бела глина – 200 мл.


Со органска гуава, салицилна киселина 0.5% и бела глина – овој прочистувачки тоник помага да се намалат порите, да се матифицира кожата и да се спречат акни.

Салицилната киселина и белата глина ги чистат порите, апсорбираат вишок масло и ја освежуваат кожата. Глицеринот и пантенолот обезбедуваат долготрајна хидратација за балансирана и комфорна кожа.

Некомедоген. За кожа склона кон акни и масна кожа.

  • Намена: Балансирање и намалување на пори.
  • Состојки: 0.5% салицилна киселина, бела глина, органска гуава.
  • Ефект: Апсорбира вишок маснотија, освежува и спречува нови акни.
  • Начин на користење: Добро протресете пред употреба. Нанесете на памучна вата и нежно исчистете го лицето и вратот. Може да се користи и на тело во комбинација со гелот за туширање доколку таргетот се акни на тело.

Третман за лице против флеки и акни со гликолна киселина и ниацинамид 1% – 30 мл.


Со органска гуава, гликолна киселина и ниацинамид 1% – овој брзо дејствувачки третман се бори против акни и видливо го намалува црвенилото.

Гликолната киселина и ниацинамидот ја смируваат кожата, поддржуваат обновување и помагаат во намалување на флеките предизвикани од акни. Млечната киселина, пантенолот и глицеринот придонесуваат за прочистување и смирување на активните акни и ја зајакнуваат бариерата на кожата.

Некомедоген. За кожа склона кон акни и масна кожа.

  • Намена: Брза интервенција на воспалени акни.
  • Состојки: Гликолна киселина, ниацинамид, органска гуава.
  • Ефект: Намалува црвенило, забрзува заздравување и ја смирува кожата.
  • Начин на користење: Нанесете мала количина локално на проблематичните области, еднаш дневно. Не користете на оштетена кожа.

Матифицирачка гел-крема за лице со хијалуронска киселина и пантенол 2% – 50 мл.

Со органска гуава, хијалуронска киселина и пантенол 2% – овој лесен крем-гел го контролира сјајот и ја матира кожата за свеж и балансиран изглед.

Хијалуронската киселина и пантенолот ја хидрираат и смируваат кожата, оставајќи ја мазна и без сјај.

Некомедогено. За кожа склона кон акни и масна кожа.

  • Намена: Хидратација без масен сјај.
  • Состојки: Хијалуронска киселина, пантенол, органска гуава.
  • Ефект: Хидрира, смирува и остава мат изглед.
  • Начин на користење: Нанесете мала количина наутро и/или навечер на чиста и сува кожа по тоникот.

Гел за туширање против акни – 200 мл.

Овој гел за туширање помага да се ексфолира кожата, да се намали појавата на акни и да се контролира вишокот на себум. Формулиран е со антиоксиданти од органска гуава, AHA/BHA киселини и цинк за нежно отстранување на мртвите клетки и прочистување на порите. Совршен за акни на грб и рамена – мазна, чиста кожа насекаде!

  • Намена: Нега на акни на грб и тело.
  • Состојки: AHA/BHA киселини, цинк PCA, органска гуава.
  • Ефект: Ексфолира, ја прочистува кожата и ја намалува појавата на акни на телото.
  • Начин на користење: Користете секојдневно при туширање.

Предлог рутина за кожа склона кон акни со производи кои се нежни и не ја сушат вашата кожа:

🌞 Утринска рутина

  1. Гел за чистење на лице против акни со млечна киселина и пантенол 2% –200 мл.– нежно исчистете го лицето од себум и нечистотии.
  2. Тоник за лице против акни со салицилна киселина и бела глина – 200 мл. – нанесете со памучен тампон за балансирање и стеснување на порите.
  3. Матифицирачка гел-крема за лице со хијалуронска киселина и пантенол 2% – 50 мл. – нанесете за хидратација и мат ефект.
  4. Балансирачка крема за лице со SPF50 – 50 мл. (надвор од линијата, но задолжителен) – предлог крема со заштитен фактор за заштита од сонце, бидејќи киселините ја прават кожата почувствителна.

🌙 Вечерна рутина

  1. Прочистувачка мицеларна вода од авокадо и алое – 150 мл. (надвор од линијата, но задолжителен) – предлог маслен чистач за темелно чистење на шминка и нечистотии наталожени од текот на денот.
  2. Гел за чистење на лице против акни со млечна киселина и пантенол 2% –200 мл. – повторно чистење за да се отстранат нечистотии и остатоци од шминка.
  3. Тоник за лице против акни со салицилна киселина и бела глина – 200 мл. – за контрола на маснотија и спречување на нови акни.
  4. Третман за лице против флеки и акни со гликолна киселина и ниацинамид 1% – 30 мл.– локално нанесете на воспалени акни за побрзо смирување.
  5. Матифицирачка гел-крема за лице со хијалуронска киселина и пантенол 2% – 50 мл.– нанесете за хидратација и регенерација преку ноќ.

📅 Неделна рутина