Кокосовото млеко е 100% растително**. Со додавање на мала количина на сол, може да се користи и како класичен крем во вашите солени или слатки рецепти (киш, гратан, разни сосови, десерти, колачи итн.).
Органско млеко за готвење од кокос – 200 гр.
115,00 ден
Only 4 left in stock
Баркод:
3229820784939
Шифра: 004403
Категории: 3 Додатоци за готвење, Додатоци и смеси за десерти, Органска храна
Рецепт за подготовка на вегетаријански палачинки од цвекло и кељ (без лактоза):
Време за подготовка: 15-30 минути
За подготовка на палачинки:
15 g снегулки од киноа
10 g овесна каша
50 ml бадемово млеко
1/4 супена лажица рехидрирано чиа семе
1/4 сирово цвекло
75 g кељ
1/4 супена лажица пире од сусам
1/4 кафена лажица кумин
сол и црн пипер
маслиново масло
За подготовка на прилог:
250 g сладок компир
75 g кељ
50 ml органски крем од кокос на Bjorg
1/4 кафена лажица кари
1/4 парче свеж ѓумбир
1/4 супена лажица прочистен путер (или 2 лажици маслиново масло)
Начин на подготовка: Измешајте го бадемовото млеко со снегулките од киноа. Додадете го пирето од сусам и кумин. Изрендајте го цвеклото. Исецкајте го кељот и додадете му маслиново масло. Измешајте ги сите овие состојки со рехидрираните чиа семиња (или јајце) за да се поврзе смесата и да добие конзистентност. Од така подготвената смеса формирајте палачинки и пржете ги во тавче по 3 минути од секоја страна. За подготовка на прилогот најпрвин исецкајте сладок компир и кељ на парчиња и варете ги во 100 ml вода. Во тавче со загреан прочистен путер (или маслиновото масло) додадете изрендан свеж ѓумбир и пропржете го за да зарумени. Ароматизирајте со лажичка кари и крем од кокос за готвење. Прилогот е подготвен. Уживајте!
Кокос* 59,6%, вода, гуар гума*.
*органски состојки
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 701 kJ/170 kcal
Масти: 17 g
од кои заситени: 15 g
Јаглехидрати: 2,6 g
од кои шеќери: 1,6 g
Растителни влакна: 0,7 g
Протеини: 1,3 g
Сол: 0,08 g
– Содржи 100% зеленчук**
**100% од земјоделските состојки се од растително потекло
Органско млеко за готвење од кокос – 200 гр.
115,00 ден