Тел: 078 885 333

Крема за лице и тело за деца и бебиња со SPF50+ – 50 мл.

(2 Рецензии од корисници)

1.350,00 ден

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ • ХИДРАТАЦИЈА
КОКОСОВО МАСЛО • ШЕА ПУТЕР • МАСЛО ОД РИЦИНУС

Нема на залиха

Детската SPF50+ крема обезбедува оптимална клеточна заштита која се грижи децата безбедно да уживаат во сонцето. Од голема важност е ефикасно да ја заштитите детската кожа од негативните ефекти на УВА и УВБ. Тоа е улогата на нашата детска SPF50+ крема за заштита од сонце, која ги спојува во едно ефикасноста и безбедноста на кожата, благодарение на минералните филтри во хипоалергената формула, без презервативи и додадени мириси. Децата мора да се заштитат од прекумерно изложување на сонце: премногу сонце за време на детството, значително го зголемуваат ризикот од тешки проблеми со кожата во периодот на зрелоста. Препорачана од 6 месечна возраст, формулата на оваа крема е хипоалергена, без презервативи или додадени мириси, правејќи ја безбедна за кревката кожа на вашите деца.

Со нејзината оптимална заштита и висока отпорност на вода SPF50+ детската крема е идеален производ за заштита од сонце кој што може да се користи за играње надвор, на плажа или на планина и во било која временска сезона.
Нејзиното пакување без воздух овозможува употреба од било кој агол и нејзината лесна, нелеплива текстура ја прави лесна за нанесување.

Кремата е:

  • Хипоалергена*
  • Може да се користи од 6 месечна возраст

*формулирана да го намали ризикот од алергии

  • Карактеристики:
    Хипоалергена формула: не содржи презервативи и додадени мириси за висока толеранција.
  • Целосна заштита од негативните влијанија на сонцето: УВА/УВБ и слободни радикали. Детската кожа е заштитена за во иднина.
  • Висока отпорност на вода, ги прати децата во нивните авантури, дури и во вода!

ПРОИЗВОДИТЕЛ/ИЗВОЗНИК: LABORATOIRES DE BIARRITZ 44 RUE LUIS MARIANO-64200,ФРАНЦИЈА
ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК: КС ГРОУП ДОО, УЛ. НАРОДЕН ФРОНТ БР. 3/3, ЛОК.2, 1000 СКОПЈЕ

  • Нанесете подеднакво на лице и тело, пред изложување на сонце.
  • Повторувајте го нанесувањето барем еднаш на два часа и по пливање за да одржите оптимална заштита.
  • Новороденчињата и децата под 3 годишна возраст не ги изложувајте на директна сончева светлина.

Caprylic / capric triglyceride, titanium dioxide, cocos nucifera oil *, coconut alkanes, butyrospermum parkii butter *, alumina, stearic acid, glycerin **, polyglyceryl-2 dipolyhydroxystearate, polyglyceryl-3 hydrogenated vegetable oil, hydrogenated castorearate, coco-caprylate / caprate, polyhydroxystearic acid, glyceryl caprylate, gelidium sesquipedale extract, propanediol, aqua, polyglyceryl-4 caprate, helianthus annuus seed oil, tocopherol.
(* = состојки од органско потекло, ** = составено од органски состојки)
100% состојки од природно потекло
20.5% состојки од органско земјоделство
Природна и oрганска козметика сертифицирана од Ecocert Greenlife согласно стандардот COSMOS ORGANIC

2 прегледи за Крема за лице и тело за деца и бебиња со SPF50+ – 50 мл.

  1. Лолита Цимеркова

    Среќна сум што на нашиот пазар имаме вакви прекрасни производи кои безбедно можеме да ги користиме за нашите најмали

  2. Bojana Daneva

    Предобра. Остава бело па знаеш дали на детето му треба пак нанесување. Не се одмива лесно во вода.

Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.

Поврзани производи

Крема за лице и тело за деца и бебиња со SPF50+ – 50 мл.
1.350,00 ден