Тел: 078 885 333

Органски нори алги за суши – 25 гр.

545,00 ден

На залиха

Суши нори е наменето главно за правење суши. Но не мора да ставате само ориз во него – можете да направите и виетнамски летни ролни, медитеранска варијанта (со хумус) или low-carb верзија (со згмечено авокадо или свеж зеленчук). Ова суши нори е сертифицирано органскио, што го прави прилично посебно. Потребен е голем труд за да се сертифицира морската алга како органска. Постојат многу барања за одгледувањето и берењето на алгата, а исто така и за употребата и третирањето на водата во која алгата расте.

Употребете за ролање суши или исечете на парчиња и додадете во супа. За правење суши:

  1. Ставете лист нори на суши подлогата, со сјајната страна надолу.
  2. Прекријте со тенок слој разладен суши ориз. Оставете 5 см хоризонтално на горниот дел од листот.
  3. Ставете го полнењето на хоризонталната лента во центарот на листот.
  4. Со помош на суши подлогата завиткајте цврст ролат, држејќи го зеленчукот во средината. Ролајте нагоре, така што слободниот простор на листот да остане подалеку од вас.
  5. Навлажнете го слободниот дел од листот со малку вода, за да можете добро да го затворите.
  6. Извадете го ролатот од бамбусовата подлога. Исечете на 6-8 парчиња со остар, малку навлажнет нож.

По отворање, чувајте во херметички затворен сад, на суво и темно место, на собна температура (макс. 20°C).

сушена и печена органска нори алга*

*= од органско производство

НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ (100 g)
Енергија: 1070 kJ / 256 kcal
Масти: 3,6 g
од кои заситени: 1,2 g
Јаглехидрати: 9,3 g
од кои шеќери: 0 g
Диетални влакна: 30 g
Протеини: 32 g
Сол: 2,2 g
Јод: 3940 µg

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.

Органски нори алги за суши – 25 гр.
545,00 ден