Откријте го автентичниот вкус и совршената текстура на палачинките и вафлите со овој современ рецепт, креиран за едноставна, брза и беспрекорна подготовка. Без разлика дали преферирате класична или веганска верзија, овој рецепт овозможува лесна и брза подготовка – идеален избор за секое време од денот.
– Не содржи глутен
– Вегански производ
ПРОИЗВОДИТЕЛ/ИЗВОЗНИК: EKIBIO, ZA LA BOISSONNETTE, F-07340 PEUGRES, ФРАНЦИЈА
ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК: КС ГРОУП ДОО, УЛ. НАРОДЕН ФРОНТ БР. 3/3, ЛОК.2, 1000 СКОПЈЕ
Рецепт за 7-8 Американски палачинки:
Класични: 150 гр. смеса за палачинки, 1 јајце, 110 мл. млеко или пијалок на растителна основа.
Вегански: 150 гр. смеса за палачинки, 150 мл. пијалок на растителна основа.
Подготовка: Измешајте ги состојките. Подготвената смеса ставете ја на веќе подмачкана и загреана тава. Палачинката ќе формира меурчиња на својата површина за неколку минути и потоа превртете ја внимателно и од другата страна. Пржете ги уште 1 минута, а потоа уживајте.
Рецепт за 10 стандардни палачинки:
150 гр. смеса за палачинки, 2 јајца и 250 мл. млеко или пијалок на растителна основа.
Подготовка: Додадете ги јајцата едно по едно во смесата за палачинки, а потоа постепено додавајте течност додека мешате. Оставете да стои 30 минути во фрижидер. Подготвената смеса ставете ја на веќе подмачкана и загреана тава и пржете ги палачинките.
Рецепт за вафли:
150 гр. смеса за палачинки, 2 јајца, 50 гр. путер и 150 мл. млеко или пијалок на растителна основа.
Подготовка: Додадете ги јајцата во смесата, потоа млекото или пијалокот на растителна основа и на самиот крај стопениот путер. Измешајте добро, а потоа истурете во претходно загреан уред за правење вафли, печете се до добивање на златно кафеава боја, и за кратко вашите вафли се подготвени за уживање!
Складирање: Чувајте подалеку од топлина и влажност.
Оризово брашно, скроб од маниока брашно, брашно од хељда, кафеав шеќер, брашно од тигрова јатка, средство за нараснување (скроб од компир, калиум тартати, натриум бикарбонат), смола од багрем.
*органско земјоделство
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 1600 kJ/379 kcal
Масти: 2 g
од кои заситени: 0,5 g
Јаглехидрати: 76,3 g
од кои шеќери: 13 g
Растителни влакна: 2,8 g
Протеини: 5 g
Сол: 0,8 g
Само најавени корисници кои го купиле овој производ можат да остават рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.