Тел: 078 885 333

Органска безглутенска смеса за бургер лепчиња – 440 гр.

290,00 ден

Нема на залиха

Со безглутенската смеса за бургер лепчиња на URTEKRAM можете да направите вкусни класични лепчиња за бургери. Совршени за бургери и сендвичи. Смесата за бургер лепчиња без глутен е органска и богата со растителни влакна. Лесно се подготвува и може да се подготви и еден ден претходно.

Погодна е за сите кои избегнуваат глутен или сакаат брза и едноставна подготовка на домашни бургери.

Рецепт за смеса за бургер лепчињата без глутен:

 

1. Потребни состојки:

– 1 ќесичка од смесата за бургер лепчиња

– 600 g млака вода

– 15 g свеж квасец без глутен

– 40 g сончогледово масло

 

2. Начин на подготовка:

Земете сад со облик на лепче за бургер. Може да ви послужи стаклен сад со дијаметар од 12 cm, висок 5,5 cm кој приближно собира 3 dl, односно би направиле 6 бургер лепчињата во зависност од големината.

Обложете ги калапите каде ќе се печат лепчињата со сончогледово масло. Земете голем сад за матење и додадете го квасецот со водата во садот и изматете додека не се раствори.

Додадете масло а потоа и смесата со брашно во садот за матење и матете додека не се добие густа каша без грутки.

Тестото се распоредува во калапи за лепчиња и се остава да нарасне на собна температура, а потоа се става во фрижидер најмалку 2 часа.

Вклучете ја рерната на приближно 200 степени целзиусови и извадете го тестото од фрижидер.

Откако тестото ќе се извади од калапите, лепчињата се ставаат на плех обложен со хартија за печење, се премачкуваат со млеко или изматено јајце и по желба се посипуваат со сусам. Се печат во претходно загреана рерна на 200°C околу 20 минути, а пред консумирање се оставаат да се изладат околу 30 минути.

Состојки:

Оризово брашно *, пченкарно брашно *, брашно од киноа *, шеќер од трска *, лушпи од псилиум *, сол (додаден јод).

Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1480 kJ/350 kcal

Масти: 2 g

од кои заситени: 0,4 g

Јаглехидрати: 73 g

од кои шеќери: 10 g

Растителни влакна: 7 g

Протеини: 7 g

Сол: 1,84 g

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе оставите рецензија за “Органска безглутенска смеса за бургер лепчиња – 440 гр.”

Поврзани производи

Органска безглутенска смеса за бургер лепчиња – 440 гр.
290,00 ден